Врз основа на член 51-б став 3 од Законот за земјоделското земјиште (“Службен весник на Република Македонија” бр.135/07 и 18/11), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе
ПРАВИЛНИК ЗА ПОСТАПКАТА ЗА ИЗДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ ЗА ГРАДЕЊЕ НА ПОМОШНИ ОБЈЕКТИ, ОРАНЖЕРИЈА ИЛИ ОБЈЕКТ ЗА ПРИМАРНА ОБРАБОТКА НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ, ОБРАЗЕЦОТ НА БАРАЊЕТО И ПОТРЕБНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА
Член 1
Со овој правилник се пропишува постапката за издавање на согласност за градење на помошни објекти, оранжерија или објект за примарна обработка на земјоделски производи на земјоделско земјиште, образецот на барањето и потребната документација.
Член 2
Образецот на барањето за добивање на согласност за градење на помошни објекти, оранжерија или објект за примарна обработка на земјоделски производи на земјоделско земјиште (во натамошниот текст:барање) е даден во Прилог кој е составен дел на овој правилник.
Член 3
Кон барањето се приложува следната документација:
1.Доказ за сопственост на земјоделско земјиште (имотен или поседовен лист со прилог правосилна судска одлука или правосилен акт од државен орган на управата или нотарски акт или правосилен акт за стекнување на право на сопственост во извршна постапка) или договор за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост со записник за воведување во владение;
2.Основен проект за објектот за кој е извршена ревизија и
3. Копија од катастарски план за катастарската парцела на која треба да се гради објектот. Потребната документација од став 1 на овој член се доставува во оригинал или во фотокопија заверена од нотар.
Член 4
По барањето и доставената документација, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанст во рок од десет дена сметано од денот на поднесувањето врши теренски увид на лице место на земјоделското земјиште за кое се бара согласност за градење на помошни објекти, оранжерија или објект за примарна обработка на земјоделски производи на земјоделско земјиште. Теренскиот увид на лице место се врши од страна на службени лица од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во присутство на барателот заради утврдување на оправданоста за давање на согласност за градење на објекти од став 1 на овој член кои изготвуваат записник од констатираната состојба. Врз основа на барањето, приложената документација и записникот од став 2 на овој член се издава согласност за градење на помошни објекти, оранжерија или објект за примарна обработка на земјоделски производи на земјоделско земјиште или се одбива барањето.
https://portal.mdt.gov.mk/post-body-files/legislativa-mzsv-file-jOJi.pdf
