Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Секој германец годишно конзумира скоро 70 килограми овошје – јаболката ги сакаат најмногу
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Секој германец годишно конзумира скоро 70 килограми овошје – јаболката ги сакаат најмногу
Магазин

Секој германец годишно конзумира скоро 70 килограми овошје – јаболката ги сакаат најмногу

Објавено 20/01/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Германците најмногу сакаат јаболка и ги јадат скоро по 21,3 килограми годишно по глава на жител. На второ место се бaнаните кои ги конзумираат  речиси дупло помалку, односно 12,4 килограми. Трпезното грозје е на трето место, со 5,3 килограми по глава на жител годишно.

Свежото, а посебно сезонското овошје, заедно со зеленчукот претставуваат најздравиот избор на храна во денешницата, во која преовладува процесуираната храна и храната која доаѓа од други краеви на светот.

Затоа интересна е информацијата дека според податоците на германската Сојузна канцеларија за храна и земјоделство, германците годишно, по глава на жител јадат дури 69,5 килограми овошје. Тоа е речиси 200 грама овошје дневно, односно две јаболка со просечна големина, или една мала чинија со малини што воопшто не е занемарлива количина.

Статистиката  на спомнатата канцеларија  покажува дека германците најмногу ги сакаат јаболката и ги јадат речиси по 21,3 киограми годишно по глава на жител. На второ место се бананите кои ги конзумираат скоро дупло помалку од јаболката односно 12,4 килограми. Трпезното грозје е на трето место со 5,3 килограмипо глава на жител годишно, наведува  Freshplaza.

Остонатото овошје е  значително помалку застапено на нивните трпези и тоа со следните количини: праски 3,9 килограми , јагоди  3,5 килограми, круши 2,6 килограми,  цреши 2,2 килограми а останатото овошје е застапено со помалку од 2 килограми по глава на жител годишно.

Кога станува збор за праските тие се одгледуваат во Германија но сепак повеќе се увезуваат како свежо или конзервирано овошје. Од друга страна пак, минатата година се произвеле 140 000 тони јагоди, а увезени се  103 000 тони.

Ова значи дека германците би требало да ни бидат пример, бидејќи овие податоци покажуваат дека без разлика на тоа што светот претставува глобално село и што е потребно многу малку  време за да егзотичното овошје стигне до нашите супермаркети,  домашното сезонско овошје и понатаму е најпопуарно, а може да се купи и од локалните производители на овошје.

Извор :Агроклуб.рс

Може да ви се допадне

Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Пиперки полнети со урда
Кох од гриз
Таг:Германија и конзумирањето на овошјеГрманска Сојузна канцеларија за хранајаболка
Претходен напис Светски економски форум во Давос – чекор пред времето
Следен напис Димковски и Илијев на средба со земјоделците од кочанско
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?