Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Светски економски форум во Давос – чекор пред времето


„Спречување на климатската апокалипса“ е една од главните теми на Светскиот економски форум во Давос Швајцарија кој почнува денеска и ќе трае до 24 јануари. Форумот и покрај критиките дека е собир на богати и славни, сепак, според оценките на неговите организатори, е обид да се предвидат идните предизвици за човештвото.

Скоро 3.000 претставници од 118 земји се очекува да допатуваат во швајцарското одморалиште Давос на Светскиот економски форум кој ја слави 50 годишнината од своето постоење.

Ѕвезда на годинашниот форум ќе биде американскиот претседател Доналд Трамп кој е меѓу 53 шефови на држави и влади што треба да присуствуваат, заедно со стотици деловни лидери и активисти на граѓанското општество, меѓу нив и Грета Тунберг.

Собирот значително се смени откако беше основан како Европски форум за управување од Клаус Шваб во 1971 година.

„И ако погледнам наназад, јас сум зачуден од тоа како се случија многу промени во светот во последните 50 години и како ние, до одреден степен, секогаш успевавме да бидеме пионери во решавањето на промените и да покажеме каков треба да биде правецот“.

Форумот годинава го смени својот фокус од последните години – од Четврта индустриска револуција – термин измислен од Шваб за да прикаже како технологијата ги трансформира животите – кон околината и одговорното деловно работење.

Од мала средба на бизнисмени кои сакаат да дознаат повеќе за техниките на менаџирање од Соединетите држави, таа стана врвен светски настан.

Името на собирот беше сменето на Светскиот економски форум во 1987 година, бидејќи Шваб се обидуваше да ја прошири својата визија за да обезбеди платформа за решавање на меѓународните конфликти.

Иако собирот продолжува да се бори со наводите дека е во потрага на богати, моќни и славни, тој го постигнува својот најголем успех со тоа што овозможува разговори меѓу лидерите.

Шефот на израелската дипломатија Шимон Перес преговараше преку ноќ во хотелска соба со палестинскиот лидер Јасер Арафат во 1994 година за да се постигне чекор напред во нивните мировни напори.

И премиерите на Грција и на Турција се состанаа во 1988 година за да ги смират односите.

Понекогаш разликите се премостуваат во рамките на самиот форум – во 1992 година, претседателот тогашниот јужноафрикански претседател Фредерик де Клерк сподели платформа со лидерот на Африканскиот национален конгрес Нелсон Мандела.

Извор : Радио Слободна Европа

Јан 20, 2020agrotim2
Традиционалниот македонски бурек на меѓународниот саем „Зелена неделa“Секој германец годишно конзумира скоро 70 килограми овошје – јаболката ги сакаат најмногу

Напишете коментар Откажи одговор

20/01/2020 АгровестиДавос, Светски економски форум, Спречување на климатска апокалипса234

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019