Во делчевското село Тработивиште се одржа манифестацијата „Зелкијада 2021“. Според организаторите на настанот вниманието беше насочено кон подготовка на јадења од зелка и храна што може да се приготви од домашна зелка.
Во рамки на Зелкијадата, предвидена беше подготовка на подварок, сарма, свадбарска зелка и многу други специјалитети препознатливи за село Тработивиште и Пијанец.
Исто така имаше и изложби на земјоделски производи, како и културно-уметничка програма со настап на локални изведувачи и групи.



