Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: На третиот крапски риболовен натпревар на Осломејското Езеро најдобрата екипа улови 65.180 кг крап
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > На третиот крапски риболовен натпревар на Осломејското Езеро најдобрата екипа улови 65.180 кг крап
Агровести

На третиот крапски риболовен натпревар на Осломејското Езеро најдобрата екипа улови 65.180 кг крап

Објавено 15/11/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На третиот крапски риболовен натпревар одржан викендов на Осломејско Езеро најдобра беше екипата „Мак –Дам“ од Куманово која улови вкупно 65.180 килограми крап. Второто место и припадна на екипата „Урбан крап“ од Охрид, а на трето место се пласира екипата „Карп Тим“ од Косово.

– По три дена, екипата на „Мак –Дам“ од Куманово со вкупен улов од 65.180 кг. се пласира на првото место. Риболовците од оваа екипа уловија вкупно 23 примероци на крап. Второто место и припадна на екипата „Урбан крап“ од Охрид со вкупен улов од 40.710 кг., додека третото место за екипата Карп Тим Косово со вкупен улов од 29.000 килограми или вкупно уловени 8 примероци на крап, изјави Бесмир Елези, претседател на риболовното друштво „Хантер Фиш“ од Кичево, организатор на натпреварот.

Најкрупниот примерок на крап го уловил риболовец од екипата на Косово со тежина од 6.650 кг.

Елези посочи дека најдобрите екипи освоиле и највисоки парични награди досега.

– Покрај пехари и медали обезбедивме и највисоки парични награди досега. Најдобрата екипа е наградена со 30.000 денари, второпласираната со 18.000 и третопласираната со 9.000 денари. Целиот натпревар помина во фер и спортска борба, рече Елези.

Во трите дена беше остварен вкупен улов на крап од 275.850 кг. или риболовците уловиле 101 примерок на крап.

МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:хантер фиш
Претходен напис Се одржа првиот „Фестивал на зелката“ во делчевското село Тработивиште
Следен напис Каква е ситуацијата со залихите на житарките на глобално ниво и дали тоа ќе биде причина за понатамошен раст на цените
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?