Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (Видео) Стојне Костовски, рударски инженер: Кога ќе останеш без работа, не гледај колку години имаш, почни нешто ново
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > (Видео) Стојне Костовски, рударски инженер: Кога ќе останеш без работа, не гледај колку години имаш, почни нешто ново
Растително производство

(Видео) Стојне Костовски, рударски инженер: Кога ќе останеш без работа, не гледај колку години имаш, почни нешто ново

Објавено 10/11/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Стојне Костовски од Македонска Каменица по професија е рударски инженер и целиот работен век работел во рудникот „Саса“. И неговата сопруга, економист по вокација работела во „Саса“, но откако се затворил рудникот тие останале без работа и без егсзистенција. Така дошле на идеја да се занимаваат со земјоделско производство но и со трговија. Имено отвориле пиљара во Македонска Каменица па се што произведуваат и таму продаваат. Велат тоа е најснабдената продаваница за овошје и зеленчук кои сами го произведуваат.

Денес одгледува околу 300 дрвца јаболка на 6 декари, 20 дрвца модри сливи, 80 лешници, 30 пчелни семејства, а асортиманот го проширил и на домати, краставици, има 5 фолии по 20 метри и произведува околу 2 тона домати и 1 тон краставици. Сѐ што произведува го продава во својата пиљара во Македонска Каменица.

А што е најинтересно, 80% од работите ги работат тој и жена му сами. Кога годините се само бројка:

„Некој прашува како може оваа работа да се постигне, ама ако добро се испланира, сѐ се постигнува. Ние сме во поодминати години, ама наоѓаме време сѐ да сработиме.“

Стојне користи субвенции, има воведено капка по капка систем, и има резервоари за вода каде што се акумулира водата што доаѓа од планината, која после ја пуштаат да тече преку системот капка по капка. Стојне исто така ни откри дека неговото производство е многу блиску до органското. Избегнува да става пестициди на јаболката, а двапати во годината става исклучиво израелско ѓубриво. Во овоштарниците има 10 видови јаболка, меѓу кои црвен и жолт делишес, муцо, грени смит, јонаголд, ајдарет…

За во иднина овој неуморен пензионер планира да инвестира во бушотини.

„Планираме да инвестираме во бушотини, да извадиме вода, подземни води, да го засилиме системот за наводнување и тука ќе вложиме околу 2000 евра.“, вели Стојне.

Стојне го сака земјоделството и ги поттикнува сите што се заинтересирани да го следат неговиот пример и да се зафатат со земјоделство за да си обезбедат егзистенција.

„Кога го имам земјиштето, зошто да не го искористам? Многу луѓе можат да го видат мојот пример дека може да се произведе и да се обезбедат средства за живот, за егзистенција“, вели тој.

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Закрепнување на ВИНОВАТА ЛОЗА по период на доцни пролетни мразеви
Култивирано одгледување на ароматични, зачински и лековити растенија: Одржлива и доходовна можност за современо земјоделство
Таг:костин долстојне костовски
Претходен напис Кинезите масовно складираат зелки, во некои маркети не можат да се купат три зелки одеднаш
Следен напис Сѐ поголем број европски фарми пријавуваат појава на птичји грип
1 коментар 1 коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?