Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Кинезите масовно складираат зелки, во некои маркети не можат да се купат три зелки одеднаш
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Кинезите масовно складираат зелки, во некои маркети не можат да се купат три зелки одеднаш
Агровести

Кинезите масовно складираат зелки, во некои маркети не можат да се купат три зелки одеднаш

Објавено 10/11/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Повозрасните жители на Пекинг масовно купуваат и складираат зелки откако властите им препорачаа на граѓаните да чуваат дома доволно количество основни намирници поради „можни итни ситуации“.

Големите зелки се популарна зимница во Кина поради тоа што лесно може да им се задржи свежината и хранливата вредност и пазарниот бран вообичаено доаѓа секој ноември.

Но, годинава побарувачката е значително поголема и редиците на пазарите се многу подолги, откако властите пред една недела препорачаа создавање домашни резерви на храна. Некои супермаркети во Пекинг воведоа рестрикции и не дозволуваат купување на повеќе од три зелки наеднаш. Дури и со ваквата мерка, тезгите остануваат празни по 9 часот.

Во исто време, визбите, дворовите, ископаните складишта, па и заедничките простории низ зградите во Пекинг се преполни со зелки.

– Обичај во Пекинг е да имате поголем куп зелки од вашите соседи – изјавила за репортерот на Ројтерс жена што со три зелки во рацете излегувала од супермаркетот „Вумарт“. Џао, како што се претставила жената, вели дека ги чува зелките на балкон и дека е доволно да ги покрие со весници за да останат свежи со месеци.

Зголемената побарувачка ја кренала и цената на зелките на 2 јуани за килограм, што е три пати повеќе отколку во изминатата сезона. Жителите на Пекинг, сепак, не се обесхрабруваат, бидејќи цената е уште повисока кога ќе почне зимата.

Светлозелената зелка, позната како кинеска зелка или Напа зелка, и порано се трупала во дворовите, во ходниците на станбените згради, па дури и во импровизирани подземни засолништа, а луѓето се натпреварувале кој ќе има поголема залиха на зелка.

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:кина
Претходен напис Во Берово утрово најстудено, дневната температура во земјава денеска од 9 до 15 степени
Следен напис (Видео) Стојне Костовски, рударски инженер: Кога ќе останеш без работа, не гледај колку години имаш, почни нешто ново
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?