Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Сѐ поголем број европски фарми пријавуваат појава на птичји грип
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Сѐ поголем број европски фарми пријавуваат појава на птичји грип
Агровести

Сѐ поголем број европски фарми пријавуваат појава на птичји грип

Објавено 10/11/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Високо патогениот тип на птичји грип H5N1 е пронајден и во североисточна Германија, соопшти нивното Министерство за земјоделство и животна средина. Болеста е потврдена на фарма во Хоенкирхен во северната провинција Мекленбург-Ворпомерн, што е трет случај во таа земја, а вирусот е откриен кај 17 кокошки, 28 патки и две гуски.

Најчесто од една во друга земја го пренесуваат дивите птици, поради што брзо се шири во Европа, предизвикувајќи загриженост во живинарската индустрија, откако претходните епидемии доведоа до евтаназија на десетици милиони птици и ограничувања на меѓународната трговија, пишува Ројтерс.

Птичјиот грип е потврден и во БиХ, на северот од земјата, во Градишка, каде што починал лебед, заразен со силно патоген сој.

Критична состојба и во остатокот од Европа

Полска, исто така, пријави неколку случаи на појава на птичји грип од типот H5N1 на живинарски фарми со речиси 650.000 животни, објави Светската организација за здравје на животните (OIE). Земјата е најголемиот производител на живина во Европската Унија, што предизвикува загриженост кај јавноста.

Потврдени се пет случаи на истокот од земјата, каде што се заразени мисирки на дури четири фарми, а зафатена е и една фарма каде што се одгледуваат бројлери. Меѓутоа, болеста се проширила и во Западна Полска, каде што се заразени гуски и мисирки.

Минатата недела француската влада ја стави целата земја во состојба на готовност поради оваа болест и нареди да се затворат сите јата. Одлуката беше донесена откако холандските власти, исто така, им наредија на комерцијалните одгледувачи минатиот месец да ги задржат сите јата во затворени простории, бидејќи на едно од нив бил пронајден вирус. Минатата зима француските власти беа принудени да уништат околу 700.000 патки за да го спречат ширењето на вирусот, пишува Politico.

Во меѓувреме, птичји грип од типот H5N1 е забележан и во Велика Британија, во централниот дел на земјата. Минатата недела беа објавени правила за превенција и им беше наложено на лозарите да ги заострат мерките за биосигурност.

Извор: www.agroklub.rs

Може да ви се допадне

Резултатите за водата во Гостивар ќе бидат објавени откога ќе одобри Обвинителството
Минималните трошоци во јули 68.498 денари, намалени за 156 денари
Нивото на Дунав во Романија најниско во последните 30 години, нарушен бродскиот сообраќај и земјоделството
Трет третман на терестичка дезинсекција на територија на Општина Куманово
Се чекаат резултатите за заболените во Гостивар, на повеќе места низ градот се дели пакувана вода за пиење
Таг:Птичји грип
Претходен напис (Видео) Стојне Костовски, рударски инженер: Кога ќе останеш без работа, не гледај колку години имаш, почни нешто ново
Следен напис Средношколци од Белград направиле еколошка антивирусна кошница за пчели
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?