Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Саем и лидерски самит на Отворен Балкан во Белград
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Саеми и манифестации > Саем и лидерски самит на Отворен Балкан во Белград
Саеми и манифестации

Саем и лидерски самит на Отворен Балкан во Белград

Објавено 31/08/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Три документи – за соработка во областа на храната, кинематографијата и цивилната заштита, ќе бидат потпишани на претстојниот лидерски самит во Белград кој, како политички дел, ќе се одржи во рамки на саемот „Винска Визија на Отворен Балкан“.

На самитот ќе учествуваат српскиот претседател Александар Вучиќ, претседателот на Владата на Македонија Димитар Ковачевски и албанскиот премиер Еди Рама.

Како што соопшти денеска владиниот портпарол Душко Арсовски, за сите три документи на вчерашната владина седница беа усвоени извештаи за завршени преговори и утврдени беа текстови кои ќе бидат финиширани за време на посетата на македонската делегација во Белград.

– Под покровителство на владите на Србија, Северна, Македонија и Албанија од утре до 4 септември во Белград ќе се одржува Првиот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винската Визија на Отворен Балкан“ организиран во рамки на Иницијативата Отворен Балкан. Предвиден е и политички дел, преку одржување самит на лидерите од трите држави на Отворен Балкан, како и панел дискусии. Ќе биде потпишан договорот за соработка во областа на механизмите за обезбеденост со храна во Западен Балкан, од областа на култура ќе биде потпишан меморандум за разбирање и соработка во областа на кинематографијата и аудовизуелните дејности, како и оператиен план во областа на цивилната заштита, рече Арсовски.

Македонија на Саемот ќе биде претставена со 42 винарии, три дестилерии и десетина производители на храна со понуда за дегустација на нашата домашна автентична кујна. Ќе се организира и Македонска вечер, чиј домаќин ќе биде премиерот Димитар Ковачевски, на која ќе се презентира македонската економија преку вината, храната, музиката и туризмот.

-Учеството на овој саем за нашата економија значи обезбеудвање поголем извоз, откуп и нови пазари за македоските храна и вина, промоција на туристичките капацитети и привлекување нови гости од регионот и пошироко, истакна Арсовски на прес-конференција.

Може да ви се допадне

Саем на рурални домаќинства: Два дена македонски автентични вкусови – поврзување на модерното со традицијата
Влада на Србија: Меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам од 22 до 25 ноември во Белград
Македонските компании за првпат учествуваат на Меѓународниот саем АДИФЕ, можност за промоција на македонските производи
Трипуновски: Продажбата на македонското вино надвор од границите на државата е зголемена
Во изградбата на дистрибутивниот центар на Лидл се користат придобивките од Отворен Балкан за слободно движење на работна сила
Таг:винска визијалидерска средбаотворен балкан
Претходен напис МЗШВ: Системот за авионско засејување на градоносни облаци е добар проект, процентот на заштита од град кај земјоделските површини е 80%
Следен напис Винска визија Отворен Балкан: Северна Македонија – земја на сонцето и одличните вина
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?