Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во изградбата на дистрибутивниот центар на Лидл се користат придобивките од Отворен Балкан за слободно движење на работна сила
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во изградбата на дистрибутивниот центар на Лидл се користат придобивките од Отворен Балкан за слободно движење на работна сила
Агровести

Во изградбата на дистрибутивниот центар на Лидл се користат придобивките од Отворен Балкан за слободно движење на работна сила

Објавено 14/08/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Српската компанија Енергогруп, како една од фирмите којашто учествува во изградбата на дистрибутивниот центар на една од најголемите компании со ланец маркети Лидл, своите работници вклучени во оваа зделка ги ангажирала преку мерката слободен пристап до пазарот на трудот во рамките на Отворен Балкан која за граѓаните на Република Северна Македонија, Србија и Албанија почна важи од 5 март 2024 година.

Мерката произлегува од меѓународните договори потпишани меѓу Република Северна Македонија, Србија и Албанија како членки на иницијативата Отворен Балкан и тоа Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан, како и Договорот за интерконекција на шеми за електронска идентификација на граѓаните од Западен Балкан.

Со потпишаните договори им се овозможува на граѓаните на споменатите држави да работат во која било од трите држави без да вадат работни дозволи, без бариери, без аплицирања и чекања, без административни трошоци.

Бојан Лалиќ, адвокат од Скопје, кој во име компанијата Енергогруп ја спроведе администрацијата за ангажирање на работници од Србија за времена работа во Македонија, за Рацин.мк рече дека мерката за слободен пристап до пазарот на трудот во рамките на Отворен Балкан во огромна мерка ја олеснила постапката и го намалила времето и бирократијата која досега била потребна.

„Со постапката преку Отворен Балкан процедурата е прилично скратена и олеснета, за разлика од досегашните работни дозволи, за кои беше потребно многу документација, најмалку 40-тина дена и многу време за целата процедура на шалтерите во МВР, па во Агенцијата за вработување за конечно да се добие лична карта за странци, а потоа и сметка во банките“, вели Лалиќ.

Тој вели дека оваа мерка од Отворен Балкан ја заобиколува претходно утврдената административна постапка и ја крати процедурата. Искуството на Лалиќ вели дека со претходно утврдените идентификацискки броеви на граѓаните во Албанија, Србија и Македонија за слободен пристап до пазарите на труд на порталите за е-услуги во нивните држави, државјаните на овие земји потоа можат аплицираат за сертификат за слободен пристап до пазарот на труд којшто ја заменува личната карта за странец.

За Рацин.мк Лалиќ вели дека сѐ уште има одредени сегменти во администрацијата кои не се доволно запознаени со оваа мерка, но дека тоа се менува од ден во ден на задоволство на граѓаните кои имаат придобивки од оваа мерка којашто им озвоможува да аплицираат за работа без комплицирани процедури.

Oдговорни институции за спроведување на мерката во Република Северна Македонија се Министерството за информатичко општество и администрација во делот на издавање идентификациски број за Отворен Балкан, Министерството за внатрешни работи во делот на издавање матичен број за странци и Агенцијата за вработување во делот за издавање сертификат за слободен пристап до пазарот на труд, со кој се овозможува вработување во Република Северна Македонија.

Извор: Рацин.мк

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:лидлотворен балканработна силафирми
Претходен напис Повик за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024/2025
Следен напис Николовски: Со ребалансот на буџетот нема пари за авансната исплата на субвенциите, се крати на интервентниот фонд и други успешни мерки
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?