Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Садење на дуња: Внимавајте на првите есенски мразови и редовно наводнувајте ја
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Садење на дуња: Внимавајте на првите есенски мразови и редовно наводнувајте ја
Растително производство

Садење на дуња: Внимавајте на првите есенски мразови и редовно наводнувајте ја

Објавено 07/10/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Дуњата била ценета уште од античките времиња поради нејзините плодови што можат да се користат свежи или преработени, а исклучително се лековити. Исто така е и медоносна. За време на цветниот период, пчелите можат да соберат 20 килограми мед од еден хектар од нејзиниот насад.

Цвета доцна и на тој начин ги избегнува доцните мразови во текот на пролетта. Може да се одгледува во области каде што, поради појавата на првите есенски студови не можеме да произведуваме друго овошје, кое цвета порано.

Секогаш имајте две сорти, поради опрашувањето

Нејзиното стебло е исклучително убаво, особено за време на цветниот период. Обично се одгледува во форма на грмушка или помало дрво, во зависност од сортата и климатските услови. Може да достигне висина од три до осум метри. Во нашата област генерално е во опсег помеѓу три и четири метри. Цветовите се големи и бели. Можат да имаат розова нијанса. Цвета од крајот на април до почетокот на јуни, во зависност од сортата и влијанието на локацијата на садење. Нејзиниот корен се развива плитко во почвата, а плодот има карактеристична форма. Обично е со жолта боја, но има сорти кои, кога се зрели, имаат зеленикава нијанса.
Во нашето подрачје ја одгледуваме поединечно или во насади. Во првиот случај, дрвото може да има над 60 години, додека живтониот век во плантажното одгледување е многу пократко. Добрите садници од дуња можат да донесат плод во втората година по садењето, а достигнуваат полн плод по десеттата година. Кога ја одгледуваме, неопходно е да се засадат најмалку две сорти поради меѓусебно опрашување.

Не сака ветровити подрачја

Во оваа прилика, исклучително е важно да се избере вистинската локација. Дуњата е сорта која сака сончев терен и јужни страни. Земјиштето треба да биде исцедено и пропустливо. Ладни и набиени почви не ѝ одговараат. Се препорачува да се избегнуваат и ветровити терени, бидејќи студениот ветер го забрзува измрзнувањето на садниците и дрвјата. Почвата, односно дупките за садење, се подготвуваат уште на есен. Дуњите можеме да ги засадиме во есен и пролет. Треба да обрнеме внимание на фактот дека младите садници се почувствителни на ниски температури во споредба со оние на јаболката, крушите и други. На терени каде што е многу студено во текот на зимата, подобро е да се засади во пролет кога ќе помине опасноста од замрзнување.

Садење

Се пополнува ископаната дупка со вода и се остава неколку дена. На дното се додава ѓубриво, пепел и се покрива со тенок слој земја. Нејзиниот корен се развива во плиток слој почва и затоа длабочината на дупката за садење не треба да биде поголема од 50 см, освен на посиромашна почва. Потоа се покрива со земја која се нагазува за да се исфрли воздухот од празнините околу коренот и на крајот обилно се напојува со вода.
Дуњата се сади на малку поголемо растојание. Се препорачува меѓу редовите да има околу пет метри, а во ред да се движи од 3 до 4,5 метри. Растојанието помеѓу стеблата треба да се прилагоди на сортата, квалитетот на почвата, климатските услови, како и земјоделската техника. Покрај тоа што се развива коренот во плиток слој, тој зафаќа и голема површина, дури и неколку пати поголема од површината која ја покрива крошната. Задолжително е редовно да се залеваат младите засадени садници, додека постарите дрвја се отпорни на суша.
Во сушни години, ако не обезбедиме наводнување, плодовите на дуњата остануваат ситни.

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Закрепнување на ВИНОВАТА ЛОЗА по период на доцни пролетни мразеви
Култивирано одгледување на ароматични, зачински и лековити растенија: Одржлива и доходовна можност за современо земјоделство
Таг:дуња
Претходен напис Врнежите ќе придонесат за подигнување на ниското ниво на Охридското Езеро
Следен напис Рурално наспрема урбано пчеларство – Дали аерозагадувањето и испарувањата влијаат на квалитетот на медот?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?