Денеска бев во посета на семејната компанија РОСАЛ ДС во Неготино. Од 1999 година се занимаваат со производство на алва, а со текот на годините палетата производи ја прошириле со други производи, како локум, кикирики, таан, чоколокум и грисини со сусам.


Впечатокот кој го оставија беше домаќинско работење и сериозност на компанијата за што е заслужен сопственикот, Г-дин Љупчо Ставров и амбициозност, новитети и желба за развој на помладата генерација, синот Александар.


Мојата улога беше промовирање на мерките на Владата – очекуваниот повик за ИПАРД на 15 јули за преработувачката индустрија, повиците на ФИТР, поволните кредитни линии и други бенефиции за поддршка на агросекторот.
За сите овие фондови, Агротим изготвува апликации и тоа беше нашата тема на разговор, заеднички да се вклучиме во развојот и зголемување на домашното производство.

Дружењето, насмените лица на вработените (лозари во слободно време), муабетите со вредните жени, беше бонус од посетата

Ви благодарам домаќини на убавиот ден!
Ленче Николовска