Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Димитровски: Во новиот програмски период, 2021 – 2027, ЕУ ќе одвои 33 милиони евра од ИПА-програмата за Северна Македонија и Бугарија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Димитровски: Во новиот програмски период, 2021 – 2027, ЕУ ќе одвои 33 милиони евра од ИПА-програмата за Северна Македонија и Бугарија
Агровести

Димитровски: Во новиот програмски период, 2021 – 2027, ЕУ ќе одвои 33 милиони евра од ИПА-програмата за Северна Македонија и Бугарија

Последна измена: 16/06/2022 09:18
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Во новиот програмски период од 2021 до 2027 година од ИПА-програмата веќе договоривме со Европската Унија дека ќе бидат вложени 33 милиони евра за развој на регионите во Бугарија и Северна Македонија, изјави денеска заменик-министерот за локална самоуправа Зоран Димитровски на официјалното пуштање во употреба на пешачка патека кон манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, изградена токму со финансиска поддршка од ИПА 2-програмата на ЕУ.

Според него, голем дел од овие средства ќе бидат потрошени за стратешкиот проект, изградба и уредување на граничниот премин Клепало, што ќе ги поврзува Берово од македонска и Струмјани од бугарска страна. Ова треба да придонесе за уште позабрзан развој на локалната економија, зголемување на размената на стоки и услуги, како и привлекување што повеќе туристи.

– Министерството за локална самоуправа е особено задоволно што програмата за прекугранична соработка со Бугарија во вториот програмски период има реализација од речиси 100 отсто, за што беа потрошени близу 20 милиони евра, пари од Европската Унија. И покрај политичките проблеми во односите со Република Бугарија, соработката на ниво на министерства се одвива непречено, а реализирани се преку 100 проекти насочени за развој на регионите од двете страни на границата во областа на заштитата на животната средина, претприемништвото и бизнисот, културата, туризмот и друго. Очекуваме исто така со вложувањата во железничкото поврзување со Република Бугарија, на подолг рок, како и инвестициите во патната инфраструктура за поврзување на граничниот премин Деве Баир од македонска страна, на пократок рок, дека ќе се интензивира протокот на луѓе и стоки и ќе дојде до зголемување на бројот на туристи, додаде Димитровски.

Според него, на Североисточниот регион, како еден од најслабо развиените региони во државава Владата и Министерството за локална самоуправа посветуваат сериозно внимание во издвојувањето средства за рамномерен регионален развој.

Преку проектот „Сирера“ софтвер, кој го менаџира Министерството за локална самоуправа за евиденција на трошењето државни пари за регионален развој, министерствата и другите институции, посочи Димитровски, во иднина ќе бидат обврзани повеќе пари да трошат токму во регионите кои се помалку развиени и таму да ги насочуваат капиталните инвестиции од областа на инфраструктурата, здравството, образованието, социјалата.

– Мораме да направиме уште многу за да ги задржиме младите во овој крај. Очекувам во наредниот период да се остварат и другите предвидени развојни проекти, пред сè оној најавен минатата година за изградба на нов ски-центар на Царев Врв, Осогово, за што е подготвена физибилити студија и кој треба да биде главен носител на развојот во овој регион. На крајот, на градоначалникот Сашо Митовски му посакувам што повеќе проекти за општината, а на сите нас што побрзо Република Бугарија да го симне ветото за почеток на преговорите за членство на нашата држава во Европската Унија, што ќе претставува силен поттик за економски развој, истакна Димитровски.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

АХВ: Немаме надлежност за постапување при заштита на здравje при работа и издавање HACCP елаборати
Најпаметно ќе биде ако со британскиот заем се инвестира во Чебрен, велат експертите
Фити: За цените на прехранбените производи да се делува со индиректни мерки, конфликтот меѓу Иран и Израел ќе има импликации ако продолжи
Цените на нафтата близу петмесечниот максимум поради тензиите на Блискиот Исток
Прв ЕУ-МК Саем за одржлив локален развој и вмрежување
Таг:Димитровскиеуипа
Претходен напис Винотека со вина од семејни винарии отворена во Неготино
Следен напис „РОСАЛ ДС“ од Неготино – Пример за семејна компанија во развој, комбинација од искуство и амбициозност да се инвестира во производството
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?