Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Одлична вест за агрокомпаниите: Наскоро нови 5 милиони евра од ИПАРД по брза постапка, најави Николовски, еве ги условите за аплицирање
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Одлична вест за агрокомпаниите: Наскоро нови 5 милиони евра од ИПАРД по брза постапка, најави Николовски, еве ги условите за аплицирање
АгровестЈавни огласи и повици

Одлична вест за агрокомпаниите: Наскоро нови 5 милиони евра од ИПАРД по брза постапка, најави Николовски, еве ги условите за аплицирање

Објавено 23/05/2022
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шуарство и водостопанство Љупчо Николовски најави нов ИПАРД повик за преработувачка индустрија во износ од 5 милиони евра кој се очекува да биде распишан наскоро.

Ова го потврди и директорот на Платежната агенција, Никица Бачовски кој објасни дека се работи за непотрошени средства од минатите повици што се планира да се стават на располагање преку брз јавен повик за Мерка 3: ИНВЕСТИЦИИ ВО ФИЗИЧКИ СРЕДСТВА ЗА ПРЕРАБОТКА И МАРКЕТИНГ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ И РИБИНИТЕ ПРОИЗВОДИ.

Се планира овој јавен повик да биде наменет само за набавка на опрема, а градбата на објекти нема да биде прифатлива инвестија.

Во продолжение прочитајте нешто повеќе за условите и можнотите за аплицирање:

КОРИСНИЦИ

  • Правни лица (трговски друштва во рангот на микро, мали, средни претпријатија до 250 вработени и годишен обрт до 50 мил. €) и
  • Задруги.

Претпријатија кои не се опфатени со дефиницијата за микро и средни, но кои вработуваат помалку од 750 вработени и кои имаат годишен обрт кој не надминува 200 мил. €, може да бидат прифатливи како корисници, но во овој случај поддршката може да се додели за инвестиции посебно наменети да го надградат целиот систем во согласност со релевантните стандарди на ЕУ.

ПРИОРИТЕНИ СЕКТОРИ

  • Преработка на млеко и млечни производи;
  • Преработка на месо и месни производи (вклучувајќи јајца и живина);
  • Преработка на овошје и зеленчук (вклучувајќи компир, печурки и легуминозни култури);
  • Преработка на житарици, мелнички производи и скроб;
  • Растителни и животински масти и масла;
  • Шира, вино и оцет;
  • Производство на енергија со преработка на примарна биомаса од растително и животинско потекло, со исклучок на биомаса од рибни производи.

СОПСТВЕНОСТ

За земјиштето и/или објектите кои се предмет на инвестицијата барателот треба да докаже:

  • Сопственост или
  • Договор за закуп

(најмалку 7 години од денот на поднесување на барањето).

ПРИФАТЛЛИВИ ИНВЕСТИЦИИ

Купување и/или инсталација на нови машини и опрема/инструменти за:

  • Сортирање, прибирање, складирање и разладување на собирните места;
  • Преработка, пакување, разладување, замрзнување, сушење итн. и складирање (вклучувајќи и манипулација);
  • Воведување на производство на нови производи, нови технологии и процеси;
  • Заштита на животната средина;
  • Производство на енергија од обновливи извори на енергија;
  • Подобрување и контрола на квалитет и безбедност на суровините и готовите производи.
  • Купување на специјални транспортни резервари и приколки за транспорт на суровините вклучувајќи и транспорт на живи животни;
  • Купување и/или инсталирање нови машини и/или опрема за заштита на животната средина, вклучувајќи опрема за производство на електрична енергија и/или греење со употреба на обновливи извори на енергија;
  • Развој и воспостваување на инфраструктура, на имот кој е во сопственост на претпријатието, со цел задоволување на потребите на производната активност на претпријатието.

Идни инвестиции

Барателите може да поднесат повеќе проекти во рамките на оваа мерка во текот на спроведувањето на Програмата, под услов максималните вкупни прифатливи трошоци (до 4.500.000 €) да не бидат надминати и претходните проекти да бидат реализирани, (исплатени на корисникот).

НАПОМЕНА Градбата на објекти  нема да биде вклучена во овој повик бидејќи и по брза постапка  треба да се склучат договори со инвеститорите  и инвестицијата комплено да заврши до 31.05.2023

ВИСИНА НА ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА

  • Висината на финансиската поддршката изнесува до 50% од вкупните прифатливи трошоци на инвестицијата.Горната граница се зголемува за 10 процентни поени за:
    • Инвестиции во опрема со цел подобрување на енергетскатата ефикасност;
    • Инвестиции во опрема за производство на био-енергија во случај на преработка на производи (суровини), како и преработка на примарна и секундарна биомаса од животни и растенија;
    • Инвестиции во опрема за производство на енергија од други обновливи извори на енергија со цел задоволување на сопстевните потреби за енергија;
    • Инвестиции за опрема за третман на вода/отпадна вода.

Минимална вредност на вкупните прифатливи трошоци по инвестициски проект – 10.000 €. Максималната вредност на вкупни прифатливи трошоци по еден корисник по мерка 3 изнесува до 4.500.000 € за целиот период на спроведувањето на Програмата.

Може да ви се допадне

Објавени пет јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над 3 хектари
Која е разликата меѓу Јавен ОГЛАС и Јавен ПОВИК за земјa
ЈАВЕН ПОВИК 05/26: Гази Баба, Ресен, Кавадарци, Росоман и Чаир
ЈАВЕН ПОВИК 04/26: Теарце, Дебар, Македонски Брод, Демир Хисар, Крушево, Кисела Вода, Делчево, Берово, Пехчево и Велес
ЈАВЕН ПОВИК БР.03/26: Крива Паланка, Кочани, Виница, Кратово, Пробиштип, Куманово и Свети Николе
Таг:АгрокомпанииИпардмерка 3
Претходен напис Преку 100 земјоделски производители од Тиквешко аплицирале за грант за набавка на трактори
Следен напис Состојбата со добиточниот фонд во ЕУ: Најголемиот дел од добитокот се одгледува во неколку земји членки
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?