Наскоро бубамарите во комерцијалното производство на домати во затворен простор би можеле да бидат заменети со роботи. Тестирањето на новите уреди е во тек.
Израелската компанија „Arugga Al Farming“, направи робот кој е во состојба успешно да ги опрашува доматите во стаклениците и пластениците.

Тој би можел да ја замени работната сила во земјите во кои тие посеви се опрашуваат рачно. Исто така ќе го заменат одгледувањето на полинатори како што се бумбарите кои се најчесто користени решенија во светот за опрашување.

Компанијата планира да соработува со одгледувачи во Австралија, Белгија и Канада за да го процени делувањето на роботот – опрашувач во посевите со домати. Целта е првото комерцијално роботско решение за опрашување да биде понудено на производителите до крајот на 2020 година.
Во статија на австралискиот ABC Rural News, извршниот директор на Arugga Al Farminga, Идо Гелтнер изјавил дека компанијата, после успешното тестирање во Израел, со цел ја избрала Австралија за земја каде ќе биде направена промоција на новото технолошко решение.
– „По светот, опрашувањето во пластеници обично го извршуваат комерцијално одгледани полинатори но тие не опрашуваат добро во одредени услови и поради тоа се забранети во Австралија“, изјави Гелтнер.

-„Значи дизајниравме робот кој ги опрашува доматите во стаклениците движејќи се низ редовите. Тој со помош на вештачка интелигенција го пронаоѓа цвеќето спремно за опрашување. Потоа испраќа воздушни импулси кои прават цветовите да вибрираат создавајќи ист ефект како бумбарите…
Извор: Poljoprivreda.info
