Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Откупот на градинарските производи од струмичко тече без проблеми, земјоделците и трговците задоволни
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Откупот на градинарските производи од струмичко тече без проблеми, земјоделците и трговците задоволни
АгровестиПазари

Откупот на градинарските производи од струмичко тече без проблеми, земјоделците и трговците задоволни

Објавено 27/07/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во Струмичкиот регион почна бербата на пиперката „куртовска капија“ засена под пластеници и веќе се извезени првите количини, информираат откупувачите.

-Откупната цена е 40 денари за килограм и има голема побарувачка, како од пазари на Балканот, така и од Европската Унија, вели Благој Витанов, откупувач од Струмица.

Според него, годинашнава сезона на раноградинарски култури и бостан поминува добро и за земјоделците и за трговците, со стабилни цени и без поголеми нарушувања на понудата и побарувачката.

-Завршува бербата на лубеницата која беше засадена порано и откупната цена е 8 до 10 денари за килограм. Дињата се откупува за 15 денари за килограм, а единствено имаме проблем со пласманот на доматите. Откупната цена се движи од 15 до 20 денари за килограм, но во моментот на многу пазари се нуди сопственото производство и интересот за нашата е слаб. Зелените пиперки, во зависност од квалитетот, се откупуваат од 20 до 30 денари за килограм, информира Витанов.

Додава дека добра цена има десертното грозје. Црното се плаќа 50 денари, а за белото 80 денари за килограм.

Откупувачот Ацо Стоилков потврди дека има интерес за пиперката „куртовска капија“, која се откупува за 40 денари за килограм. Покрај неа има интерес и за сливата „чачанка“, која се откупува за 30 денари за килограм.

Ристо Велков од Сојуз на синдикат на земјоделски производители смета дека откупните цени и пласманот на производите, кои сега се нудат на пазарот, се добри и потенцира дека за разлика од лани лубениците имаат повисока откупна цена.

Според него, добрите откупни цени се должат на намаленото производство и засега само производителите на домати се соочуваат со мали проблеми во пласманот.

-За десетина денови се очекува да стаса вториот производствен турнус на доматите, за кои ќе има поголем интерес. Радува фактот што има откуп на корнишоните, кои се плаќаат 40-50 денари за килограм, рече Велков.

Додаде дека земјоделците очекуваат трендот на исплатливи откупни цени да продолжи и во наредниот период, посебно кога ќе почне масовно да се бере пиперката „ајварка“ во сезоната за подготовка на зимница.

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:земјоделципласмансезона
Претходен напис Робот кој ќе ги опрашува доматите во стаклениците
Следен напис Oд утре почнува исплатата на јулските пензии
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?