Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ристов: Сметките за парно во Скопје од 1 август се зголемуваат за 5,96 проценти или за околу 140 денари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ристов: Сметките за парно во Скопје од 1 август се зголемуваат за 5,96 проценти или за околу 140 денари
Агровести

Ристов: Сметките за парно во Скопје од 1 август се зголемуваат за 5,96 проценти или за околу 140 денари

Објавено 27/07/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Од 1 август цената на топлинската енергија за домаќинствата во Скопје ќе се зголеми во просек за 5,96 проценти, соопшти денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Ацо Ристов. 

На прес-конференцијата, Ристов посочи дека со новата одлука, просечната месечна сметка за парно ќе биде повисока за околу 140 денари, односно ќе се зголеми од 2.353 на 2.493 денари.

– Ова зголемување се однесува на домаќинствата што се снабдуваат преку системите на „ЕСМ Снабдување“, „ЕСМ Дистрибуција“ и „ЕСМ Производство на топлина“. За корисниците на поранешната „Топлана Скопје Север“, со која сега управува „Енерџи Еколинк“, цената ќе биде повисока во просек за 3,6 проценти, додека за потрошувачите што се снабдуваат преку „ЕСМ Енергетика“ зголемувањето ќе изнесува околу пет проценти – рече Ристов.

Одлуката, вели, е донесена по детални економски и технички анализи на работењето на компаниите што обезбедуваат топлинска енергија во Скопје. Ристов посочи дека енергетските компании барале зголемување на цените од 30 до дури 130 проценти, но Комисијата одлучила корекцијата да изнесува 5,96 проценти. 

Нагласи дека РКЕ ја поддржува иницијативата за обединување на сите компании на ЕСМ што работат во секторот за топлинска енергија, со цел поефикасно користење на ресурсите и создавање услови за поповолни цени за потрошувачите.

Според анализите на Комисијата, жителите на Скопје кои се греат на топлинска енергија и понатаму имаат пониски годишни трошоци во споредба со корисниците во Белград, Љубљана, Софија и Сараево. Во изминатата грејна сезона на системот биле приклучени уште 1.521 нов корисник, со што вкупниот број потрошувачи што се снабдуваат со топлинска енергија достигнал 67.494. 

МИА

Може да ви се допадне

Собранието го усвои Дополнителниот ребаланс на Буџетот за 2026: Повеќе пари за инвестиции, земјоделство и општини
Анкета на Народната банка: Расте задоволството од статистичките податоци и услугите
Министерот Серафимовски се сретна со амбасадорот Рокас: Продолжува соработката со Европската Унија во областа на земјоделството
Авионска дезинсекција против комарци во Скопје на 30 и 31 јули
Од полноќ поскапуваат горивата, дизелот со најголем раст
Таг:1 августзголемуваатпарноРистовСКОПЈЕ
Претходен напис Анкета на Народната банка: Расте задоволството од статистичките податоци и услугите
Следен напис Собранието го усвои Дополнителниот ребаланс на Буџетот за 2026: Повеќе пари за инвестиции, земјоделство и општини
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?