Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Ристов: Нашата земја се смета за еколошки чиста и шумските плодови се многу барани на пазарите во ЕУ


Компанијата „Ринасто“ од село Дедино во Општина Конче, откупува шумски плодови, земјоделски и лековите билки и печурки. Извозно ориентирани, а главно производите ги пласираат во ЕУ, Швајцарија и Сан Марино.

-Нашите откупни центри се насекаде во Македонија и мобилни со комерцијални возила со фриго капацитет ни е задоволителен за нашите клиенти и коминтенти. Располагаме и со сушара за сушење овошје, зеленчук и печурки. Комори на минус и на плус температура, машини за сечење на печурки и плодови. Објект од 400 метри квадратни и посебен објект од 150 метри квадрати – вели за Агротим, Ристе Ристев, сопственик на „Ринасто“.

„Ринасто“ е компанија која 70% извозно ориентирана, а 30 % продаваат на домашен пазар и на нивни соработници кои им додаваат повисок степен на финализација на производите.

-Вршиме откуп од берачи а цената ја одредува пазарот, берзата. Се зависи од конкурентноста на пазарот. Во нашата дејност нема гарантирана цена на откуп а исто така и на продажба. Нашата земја се смета за еколошки чиста и шумските плодови се многу барани на пазарите во ЕУ, во Швајцарија и Сан Марино, каде ние главно ги пласираме производите – вели Ристов и додава дека во иднина планираат да се прошират и во малопродажба со пакување и дистрибуција на нивните производи како замрзнати, суви и свежи.

-Државата во овој бизнис не ни помага воопшто. Најголем проблем е незаинтересираноста на инспекциските служби за да ги контролираат дивите откупувачи кои со една вага и еден автомобил караван ни се нелегална конкуренција. Нема кој да ги казни а освен ние што трпиме штети економски, не ретко се случува да дојде и до труње на консументите затоа што не ги познаваат доволно печурките и билките, апелира Ристов.

Телефони за контакт со „РИНАСТО“ – 078397345 077761666

Дек 8, 2019agrotim1
(ВИДЕО) Ако се иселат губат сè: Село на богаташи од кое никој не се иселуваЗасадете ѓумбир во вашиот дом: Постапка за садење на растението кое е чувар на здравјето

Напишете коментар Откажи одговор

08/12/2019 Предлог бизнисбозел, овошје, печурки, Ринасто, Ристе, сушено1,192

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019