Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

(ВИДЕО) Ако се иселат губат сè: Село на богаташи од кое никој не се иселува


Кинеското село Хуакси, кое се наоѓа во провинцијата Џиангсу, со право е наречено „село на богаташите“, но она што е интересно е што жителите не смеат да се иселат, бидејќи ако го направат тоа ќе изгубат се што имаат.

Секој од 2.000 жители кој живее тука, на банкарска сметка има над 143.000 долари и живее во вила. Всушност, сите живеат во сосема идентични вили.

Исто така секој од овие жители работи 7 дена во неделата, па се поставува прашањето кога имаат време да ги потрошат овие пари и каде?! Очиледно само во Хуаксу. Ако го напуштат селото и се одлучат да се преселат на друго место, жителите ќе останат и без куќата и без парите на сметка и ќе завршат на улица. Затоа и речиси никој не си заминува.

Пред триесет години ова село било едно од најсиромашните кинески села, со население од 600 луѓе. Но, тогаш, високиот партиски претставник Ву Ренбао направил план што ќе ги збогати жителите. Тој основал неколку фирми и од сиромасите направил богаташи.

Медиумите се заинтересирале за Хуакси во 2004 година, кога било објавено дека жител на ова село во просек годишно заработува 18.000 американски долари, што е значително поголем износ во однос на другите кинески провинции.

За да ја покажат силата на селото, во 2011 година, властите одлучиле да изградат еден фасцинантен облакодер од 72 ката, за чија изградба се потрошени 430 милиони американски долари. Висината на облакодерот изнесува 328 метри, што е за 4 метри повисок од Ајфеловата кула.

Се разбира, селото има и транспортна компанија. Но, она што е интересно, тоа не е компанија што превезува по копно, туку во воздух. Имено, за превоз на жителите се користат хелихоптери, така што жителите можат да бидат на саканата дестинација и во околните градови за помалку од десетина минути.

Исто така постои и голем тематски парк со реплики на познати објекти, како што се кинескиот ѕид и забранетиот град.

Прашањето за тоа како Хуакси од сиромашното село дошло до ова, сè уште е тајна. Жителите не зборуваат за своето богатство, а пристапот до медиумите е доста ограничен. Во ова село новинари не смеат ни да стапнат без одобрение од локалните власти.

Исто така, во ова село не постојат барови и ресторани, така што сите се прашуваат како жителите го поминуваат слободното време.


Дек 8, 2019agrotim1
Пазарџиите бараат пониски цени за закуп на тезгитеРистов: Нашата земја се смета за еколошки чиста и шумските плодови се многу барани на пазарите во ЕУ

Напишете коментар Откажи одговор

08/12/2019 Магазинбогаташи, жители, кинеско село, новинари, ресторан, село216

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019