Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Растат цените на ѓубривата ширум светот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Растат цените на ѓубривата ширум светот
Пазари

Растат цените на ѓубривата ширум светот

Објавено 02/03/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Цените на минералните ѓубрива скокнаа поради кризата во Украина. За уреа, на светско ниво преку ноќ пораснаа повеќе од 200 долари по тон. Ова поскапување е придружено со наглиот раст на другите ѓубрива како што се калиумот и фосфорот.

Русија беше најголемиот светски извозник на азотни производи во 2021 година, но и на калиум и фосфор, пишува Агрархеуте. Поради помалата извозна понуда најпрво ќе бидат погодени земјоделските пазари од северната хемисфера. Пазарите веднаш реагираа на проблемите со снабдувањето со огромен скок на цените.

Прво погодени пазарите на северната хемисфера

Џош Линвил, директор на секторот за ѓубрива во американската истражувачка компанија StoneX, рече:

„По падот во последните неколку недели, сега гледаме дека глобалните цени на уреата преку ноќ скокнаа за над 200 долари по тон. Во најважниот американски трговски центар НОЛА уреата во четвртокот поскапе за 150 до 200 американски долари по тон во четвртокот. Скокна за една третина за помалку од 12 часа. Крајот на ваквиот развој не е на повидок“.

Сепак, Линвил вели дека промената во глобалната понуда и побарувачка не е резултат на нападите, туку првенствено се заснова на страв.

Алексис Максвел, аналитичар на Green Markets, во изјава за Блумберг рече: „Помалата извозна понуда најпрво ќе ги погоди земјоделските пазари во северната хемисфера, бидејќи сезонската потрошувачка достигнува врв во второто тромесечје“.

Конфликтот меѓу Русија и Украина ги зголемува стравувањата од глобалниот недостиг и ја зголемува загриженоста за зголемувањето на цените на другите минерални ѓубрива и храна.

Големиот американски производител Mosaic Co. предупреди на недостаток на калиум. Како резултат на стравувањата, растат трошоците за земјоделците кои ќе мора да ја ограничат употребата на ѓубрива поради високите цени и недостигот. Ова може да доведе до помали приноси и дополнителен раст на светските цени на храната.

Можен недостаток следната година

„Светските цени неодамна достигнаа врв и донекаде паднаа. Сега повторно нагло се зголемуваат“, вели аналитичарот Максвел. „Постои многу реална можност следната година дасе соочиме со недостиг, особено во претстојната земјоделска сезона во Северна Америка“.

Одделот за земјоделство на САД објави дека производителите „не смеат да ја користат оваа ситуација како изговор за да направат нешто што не е нужно оправдано со понудата и побарувачката“.

Белата куќа објави дека некои големи компании ја искористиле својата пазарна моќ за да ги зголемат цените за земјоделците повеќе од оправдано, пренесува agroklub.

Може да ви се допадне

Германските земјоделци предупредуваат на можен недостиг на ѓубрива поради кризата на Блискиот Исток
Европскиот Парламент одлучи веднаш да исплати 75% од директните плаќања
ЕУ со нов план за обезбедување на ѓубрива и прехранбена сигурност
Новиот европски план за ѓубрива: Поголема поддршка за земјоделците и развој на биолошки ѓубрива
Војната во Иран го поскапе вештачкото ѓубриво, расте стравот од зголемување на цените на храната
Таг:ѓубрива
Претходен напис Инвазијата на Украина може да ги дестабилизира светските резерви на храна, предупредуваат ОН
Следен напис 9 градинарски работи кои мора да ги направите во март
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?