Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Инвазијата на Украина може да ги дестабилизира светските резерви на храна, предупредуваат ОН
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Инвазијата на Украина може да ги дестабилизира светските резерви на храна, предупредуваат ОН
Агровести

Инвазијата на Украина може да ги дестабилизира светските резерви на храна, предупредуваат ОН

Објавено 02/03/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Светските резерви на храна би можеле да бидат загрозени како домино ефект од руската инвазија на Украина, посочуваат хуманитерните организации кои нервозно ги набљудуваат блискоисточните и азиските нации кои се потпираат на земјоделскиот извоз од завојуваните страни, пишува германската агенција ДПА.

И Украина и Русија се клучни снабдувачи на земјоделски стоки, но жетвите сега се загрозени во Украина, а заглавени во Русија поради санкциите. Повеќе од половина од прехранбените производи што ги користи Светската програма за храна на ОН (WFP) во кризните региони потекнуваат од Украина.

– Веќе има 276 милиони луѓе кои страдаат од акутен глад во 81 земја, рече Мартин Фрик, директор на берлинската канцеларија на WFP.

– Светот едноставно не може да си дозволи нов конфликт. Војната на Путин не ја засега само Украина, каде што предизвикува неизмерна трагедија, туку ефектите ќе се почувствуваат многу подалеку од нејзините граници – рече тој.

Египет – со своето население од 100 милиони, што ја прави најнаселена земја во арапскиот свет – најголемиот дел од пченицата ја увезува или од Русија или од Украина. Истото важи и за Тунис. Сиромашните луѓе во двете земји многу се потпираат на лебот како извор на исхрана. Тој е субвенциониран и затоа е релативно широко достапен.

Но, експертите во Тунис сега предупредуваат за зголемување на цените поради војната и земјата бара други извори на пченица, како Аргентина или Романија. Но, останува нејасно дали тие извори ќе можат да ја задоволат побарувачката, пренесува МИА.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:храна
Претходен напис Поради кризата во Украина, земјоделците и потрошувачите ги чекаат тешкотии, предвидува ЕК
Следен напис Растат цените на ѓубривата ширум светот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?