Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Германските земјоделци предупредуваат на можен недостиг на ѓубрива поради кризата на Блискиот Исток
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Германските земјоделци предупредуваат на можен недостиг на ѓубрива поради кризата на Блискиот Исток
Агровести

Германските земјоделци предупредуваат на можен недостиг на ѓубрива поради кризата на Блискиот Исток

Објавено 19/07/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Војната со Иран и натаму врши притисок врз германското земјоделство, со што постои ризик од недостиг на минерални ѓубрива и дополнително зголемување на производствените трошоци, предупреди претседателот на Германскиот сојуз на земјоделци, Јоахим Руквид.

Тој оцени дека состојбата во Персискиот Залив останува нестабилна, што ги зголемува стравувањата за сигурноста на снабдувањето.

– Во моментов нема физички недостиг, но цените на азотните ѓубрива остануваат трајно високи, а резервите за новата сезона се опасно ниски – изјави Руквид за германската медиумска група РНД (Redaktionsnetzwerk Deutschland).

Според него, доколку кризата во регионот дополнително ескалира, можно е ново поскапување на природниот гас и на енергијата, што директно ќе доведе до повисоки цени на ѓубривата.

Руквид предупреди дека многу земјоделски стопанства тешко ќе се справат со новите трошоци во услови на намалени приходи.

Тој побара дополнителни мерки за поддршка на секторот, меѓу кои олеснувања за цената на земјоделскиот дизел, привремено намалување на данокот на енергијата на минималното ниво дозволено во Европската Унија и намалување на трошоците поврзани со емисиите на јаглерод.

Претходно, министрите за земјоделство на земјите членки на ЕУ се согласија државите да можат целно да ги поддржуваат земјоделците поради поскапувањето на ѓубривата. Европската Унија привремено ги укина и царините за увоз на одредени видови ѓубрива.

Азотните ѓубрива се особено чувствителни на цените на природниот гас, бидејќи тој е главна суровина во нивното производство.

Според Европската комисија, голем број земјоделци во ЕУ веќе ја намалуваат употребата на ѓубрива затоа што не можат да ги префрлат повисоките трошоци врз крајните потрошувачи, што доведува до намалување на приносите.

извор МИА

Може да ви се допадне

Се чека со часови за влез во Грција. Километарски колони и покрај седум ленти
ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
Таг:азотГерманијаѓубриваЗемјоделци
Претходен напис Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Следен напис Се чека со часови за влез во Грција. Километарски колони и покрај седум ленти
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?