Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Раст на цените во земјоделството во Европската Унија, најголемо покачување во Унгарија, најмало во Малта
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Раст на цените во земјоделството во Европската Унија, најголемо покачување во Унгарија, најмало во Малта
Пазари

Раст на цените во земјоделството во Европската Унија, најголемо покачување во Унгарија, најмало во Малта

Објавено 31/03/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Цените во земјоделството во ЕУ престанаа да растат на крајот на 2022 година, достигнувајќи го својот врв во текот на пролетта и летото 2022 година, објави Eurostat. Поради војната во Украина, минатата година дојде до ненадеен пораст на цените.

Силен раст на цените во земјоделството во Европската Унија е забележан во сите тримесечја од минатата година, а најсилен беше во второто и третото, додека незначително беше забавен во последното и за земјоделските производи и за инпутите потребни за производство, наведува Eurostat.

Во последниот квартал од 2022 година, кошницата на земјоделски производи беше во просек за 26 отсто поскапа отколку во истиот период во 2021 година. Во третиот квартал беше 30 отсто повскапа од 2021 година.

Како што наведуваат, најголемо поскапување бележат јајцата и тоа за 64 отсто, потоа свињите со 52 отсто и маслинките за 51 отсто.

Скокот на цените на земјоделските производи во ЕУ го одрази зголемувањето на цената на стоките и услугите што се користат во земјоделското производство, со годишна стапка на раст од 27 отсто во последните три месеци од 2022 година.

Податоците покажуваат забавување на растот на влезните трошоци на крајот на минатата година, бидејќи во третото тромесечје биле во просек за 36 отсто повисоки во однос на истиот период лани.

Од инпутите, најмногу пораснала цената на вештачките ѓубрива и подобрувачите на почвата и тоа за 55 отсто.

Повеќе плаќале и сточарите, за кои цената на добиточната храна порасна за 29 отсто во однос на последниот квартал од 2021 година.

Во четвртиот квартал сите земји од ЕУ забележале двоцифрен раст на цените на земјоделските производи и на стоките и услугите што се користат во земјоделството.

Најголем пораст на просечната цена на земјоделските производи во четвртиот квартал во однос на истиот квартал од 2021 година е забележан во Унгарија, 53 отсто. Следува Полска со 44 и Германија со 38 проценти.

Најниски стапки на раст се забележани во Малта со четири отсто, потоа Франција со 14 отсто и Кипар и Италија со 15 отсто.

Просечните цени на инпутите во земјоделството најмногу се зголемиле во Литванија, за 51 отсто во однос на четвртиот квартал од 2021 година. Блиску се Унгарија и Словачка, каде што се зголемиле за 47, односно 39 отсто.

Може да ви се допадне

Продолжува мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати, Владата очекува намалување на малопродажните цени
Шефицата на ММФ предупредува:  Војната на Блискиот Исток води до повисоки цени и побавен раст
Во пресрет на Велигден: За кого оди 90% од унгарското јагнешко месо и по која цена?
Унгарците бараат укинување на царините за руските и белоруските ѓубрива: Страв од зголемување на цените на храната
„Агро Геа“: МУЛЧЕРИ со кардан по одлични цени!
Таг:малтаунгаријацени
Претходен напис Сè што треба да знаеме за одгледување ротквици
Следен напис Националниот парк Шар Планина доби план за управување, ќе биде основа за надминување повеќе предизвици
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?