Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Готвачи од Македонија, Турција и Унгарија на првиот „Чкембе Фест“ во Битола
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Готвачи од Македонија, Турција и Унгарија на првиот „Чкембе Фест“ во Битола
Агровести

Готвачи од Македонија, Турција и Унгарија на првиот „Чкембе Фест“ во Битола

Објавено 09/10/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Готвачи од Битола, Скопје, Куманово, но и од Турција и Унгарија ќе подготвуваат чкмебе чорба, а најуспешните ќе бидат наградени на првиот „Чкембе Фест“ што викендов ќе се одржи во Битола.

Организаторите на прес – конференција соопштија дека манифестацијата се организира со цел да ја афирмира македонската традиционална храна и посебно познатата битолска чкембе чорба, а наскоро во старата чаршија ќе иницираат да се постави и споменик Чкембар.

-Познатата чкембе чорба во Битола се подготвува со години и рецептот се пренесува од колено на колено во секоја генерација и затоа не случајно битолчани ги нарекуваат „чкембари“. Нашата чкембе чорба сакаме да ја вкусат гостите на градот кои сакаат македонска традиционална храна. Но, на оваа викенд манифестација ќе отвориме теми за значењето на гастро-туризмот како алтернативна форма на туризмот и неговото значење за локалниот туризам. Очекуваме посебно претставување на гостите од турскиот град Измир кои ќе подготват искембе-чорбаши, како и гостите од Унгарија кои ќе подготват производ од чкебе. Битола како град е вистинското место за „Чкембе фест“, спојува повеќе области и затоа ги вклучивме младите спортисти и навивачи од навивачката група „Чкембари“, ги вклучивме жените ракотворци кои на македонската јавност ќе им ги покажат своите вештини, а имаме и натпреварувачи кои ќе се вклучат во гастро-натпреварите, истакна Никола Каровска, член на организацискиот тим.

Во рамки на годинешниот „Чкембе Фест“ ќе се одржи трибина на тема „Балканската кујна, традиција и актуелните тенденции во туризмот и угостителството“, спортски турнир во мал фудбал, презентација на органска храна, а на плоштадот „Магнолија“ утре ќе биде поставен казан со чекмбе чорба. 

МИА

Може да ви се допадне

Дурмиши: Потрошувачката кошница во август изнесувала 58.475 денари
Битолската акумулација „Стрежево“ порибена со 250 килограми крап
Четири активни пожари од 31 вкупно изминатото деноноќие
Ѓорѓиевски, директор на МЕМО: Повеќе струја од сонце и ветер може да донесе и цени под нулата
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Таг:БитолаготвачиМакедонијаТурцијаунгарија
Претходен напис Дурмиши: Потрошувачката кошница во август изнесувала 58.475 денари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?