Ротквицата е едногодишно растение чии задебелени корени и лисја се користат во исхраната на луѓето. Ова растение има умерени потреби за топлина и расте кога времето е ладно и влажно, на хумусна почва. Реакцијата на почвата треба да биде помеѓу Ph 5-7. Толерира ниски температури до -6 Целзиусови степени, рти на 2-3 Целзиусови степени, а за нејзин раст е потребна температура од 16 до 18 степени.
Ротквицата во плодоред доаѓа по три години на иста парцела, се одгледува како предкултура или меѓукултура. Основната обработка треба да се направи на длабочина од 20 см, а потоа добро да се иситни површинскиот слој.
Ротквицата не се ѓубри со арско ѓубриво, туку само со минерални ѓубрива. Во основниот третман се внесува половина од азотни и калиумови ѓубрива, во површинската обработка половина од азотните ѓубрива или една четвртина, а остатокот се користи за прихрана.

Доколку се одгледува во топли леи, методот е вообичаен, со подготовка на слој од ѓубриво со дебелина од 25 см, кој се покрива со земја во слој од 15 до 20 см, а потоа се сее сукцесивно на секои десетина дена, почнувајќи од втората половина на септември или почетокот на октомври, а се завршува на почетокот на мај. Препорачливо е да ја сеете ротквицата во 10 до 20 реда на длабочина од 2 см.
Грижата за насадите со ротквици вклучува наводнување со 70 до 80 проценти воден капацитет, разредување на растенијата во фаза на два листа кога се врши и прихранување. Заштита против плевел се врши пред сеидбата, задолжително да се води сметка за периодот од ѓубрењето до берење на плодот поради кратката вегетација на ротквицата.
Бербата на ротквица при добро организирана и планирана сеидба во градинарското производство може да биде од март до почетокот на ноември. Од никнувањето до берење ротквиците стигнуваат за 25-30 дена.
