Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Раст на цените на житото на берзите, најмногу на пченката
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Раст на цените на житото на берзите, најмногу на пченката
Агровести

Раст на цените на житото на берзите, најмногу на пченката

Објавено 23/01/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На глобалните пазари забележан е раст на цените на повеќето житни култури. Најскапа беше пченката, чија цена најмногу порасна на крајот на минатата недела на Чикашката берза (CBoT) и тоа за 2,1 отсто и изнесуваше 190,64 американски долари по тон (183,97 €/t), пишува Farmer.

Ова зголемување на CBoT, кое достигна највисока цена од третата декада на месец  октомври 2023 година, е резултат на последниот извештај на американското Министерство за земјоделство (USDA), кој ги намали проценките на жетвата и залихите на пченка во Соединетите држави.

Сите погледи се вперени во Аргентина, каде што посакуваните дождови во текот на изминатиот викенд секако влијаеле на жетвата. Инаку, таму и во следните две недели се очекуваат претерано високи температури.

Меѓународниот совет за житарки (IGC) ја намали прогнозата за глобално производство на пченка за шест милиони тони на 1.219 милиони тони.

На париската берза (МАТИФ) поскапе исто така и пченката, но за нешто помал процент. Тој е поголем за 0,7 отсто и изнесува 214,75 евра за тон.

Раст на цената на пченицата

Што се однесува до пченицата, оваа житарка поскапе за 0,2 отсто на берзата во Чикаго. а нејзината цена е 197,95 УСД (191,02 евра) по тон. Истовремено, на годишно ниво котациите паднаа за 8,0 отсто, а во текот на неделата цената беше повисока за 1,5 отсто.

На париската берза пченицата поскапе за 0,3 отсто и чинеше 226,75 евра за тон, а цените се зголемени за 4,7 посто на годишно ниво.

Минатата недела цената на маслодајната репка на MATIF падна за 2,4 отсто, но ова индустриско растение веќе помалку закрепнува на пазарот, така да во меѓувреме поскапе за 0,9 отсто и цената е 529,75 евра за тон. Цената на сојата на американскиот пазар се зголеми за 1,5 отсто и чини 379,92 американски долари (366,62 евра) по тон.

Извор: agroklub

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:берзитежитотопченкатаРастцените
Претходен напис Самарџиоски: Инфраструктурата е основа за развој, а регионалната соработка е клучна за напредокот на Македонија 
Следен напис ТЕРМИНИ на ЈАВНО ОТВАРАЊЕ на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?