Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Путин ја продолжи забраната за увоз на храна од ЕУ – руските потрошувачи се жалат на високите цени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Путин ја продолжи забраната за увоз на храна од ЕУ – руските потрошувачи се жалат на високите цени
АгровестиПазари

Путин ја продолжи забраната за увоз на храна од ЕУ – руските потрошувачи се жалат на високите цени

Последна измена: 26/11/2020 17:29
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Забраната за увоз на млечни производи, месо, сирење, риба, овошје и зеленчук од Европската унија во Русија за првпат беше воведена во август 2014 година како одговор на санкциите што им ги наметна Западот по конфликтот во Украина.

Сега, рускиот претседател Владимир Путин потпиша соодветна уредба и ја продолжи забраната до 31 декември 2021 година.

Според agrarheute, земјата го користи ембаргото за да го обнови сопственото производство, на пример во млечната индустрија, со цел да се намали зависноста од увоз што е можно повеќе.

Потрошувачите се жалат на цената и квалитетот

Логично, забраната за увоз влијае на многу земји кои воведоа санкции против Русија, вклучувајќи ги и САД, Австралија, Канада и Украина.

Многу стока, поради ембаргото, како  што е сирењето од Франција и Италија, продолжуваат да влегуваат на пазарот во земјата по заобикален пат  и со криумчарење, а тамошните власти уништија тони ваква храна.

Во исто време, доаѓаат критики од потрошувачите кои предупредуваат дека елиминирањето на странската конкуренција ги зголеми цените на руската храна. Покрај тоа, клиентите понекогаш се жалат на послаб квалитет во споредба со храната од запад.

Политичарите во Москва, оваа забрана ја сметаат за голем успех, сметајќи дека тоа ќе ја подобри самодостапноста и ќе ја зајакне позицијата на земјата како извозник на земјоделски производи.

Да потсетиме, жетвата на пченицата во оваа земја се очекува да се зголеми за најмалку три милиони тони. Оваа година може да се соберат вкупно 127,5 милиони тони, што би било една од најголемите жетви во земјата и втора по големина досега.

Производителите на храна од ЕУ влегоа на други пазари како што се САД и Кина, а Путин неколку пати рече дека ќе ги укине контрасанкциите штом ЕУ стави крај на санкциите против Русија. Сепак, крајот сè уште не е на повидок.

Извор: Агроклуб

Може да ви се допадне

Ракијада во Кавадарци, доделени награди за најдобрите мали производители на меѓународно ниво 
На граничните премини Табановце и Богородица се чека 30 до 40 минути
Просечната нето плата во април 45.452 денари
Повторно поскапува дизелот
Минималните трошоци во јуни зголемени за 790 денари, кај храната зголемување од 733 денари
Таг:еузабранаПутинсанкцииузвозхрана
Претходен напис (ВИДЕО) Органско земјоделско производство, наш адут кој треба да се искористи од страна на земјоделците
Следен напис Медицински факултет од Бања Лука – Екстракт направен од кората на калинката потенцијален штит од Covid 19?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?