Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Медицински факултет од Бања Лука – Екстракт направен од кората на калинката потенцијален штит од Covid 19?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Медицински факултет од Бања Лука – Екстракт направен од кората на калинката потенцијален штит од Covid 19?
МагазинСовети

Медицински факултет од Бања Лука – Екстракт направен од кората на калинката потенцијален штит од Covid 19?

Последна измена: 26/11/2020 19:48
Сподели
4 мин. за читање
Сподели

Eкстракт направен од кората на калинката, би можел да биде штит кој ќе го спречи навлегувањето на вирусот Covid 19 во организмот на човекот. Овој екстракт во лабораторија се покажал ефикасен, а тоа дополнително треба да го потврдат и клиничките испитувања.

Калинката, која е едно од четирите библиски растенија и која уште е наречена „еликсир на младоста“ би можела да помогне во превенција од корона вирусот, покажало истражувањето направено во Медицинскиот факултет во Бања Лука од страна на тим составен од деканот на факултетот Ранко Шкрбиќ, неговиот колега Реља Суручиќ од Катедрата за фармакогнозија и Биљана Тубиќ од Катедрата за фармацевтска хемија.

Овој факултет, уште пред две години во соработка со Институтот „Др. Јосиф Паниќ“ од Белград започнал да прави сериозни истражувања со екстрактите од калинка.

– „Станува збор за екстракт кој се добива од кората на калинката која најчесто се фрла. Нашите баби ја сушеле таа кора и од неа правеле чај за децата кога имале дијареа. Потврдено е дека екстрактите добиени од кората на калинката имаат антибактериски дејства и така започна се. Екстрактот почнавме да го применуваме кај пацинетите кои имаат дијабет тип 2 и се покажа дека препаратот ја намалува маснотијата и шеќерот во крвта, го подобрува крвниот притисок и делува антивоспалително. Со таа студија беа опфатени околу 60 пациенти и резултатите беа извонредни“, раскажува Шкрбиќ.

Кога корона вирусот се појави и во Република Српска, Шкрбиќ ги собрал своите соработници, кои целото свое знаење и труд го вложиле во новото истражување користејќи “in siliko” метода или компјутерска хемија.

-„Намерата ни беше да утврдиме дали супстанците од кората на калинката делуваат на спречување на влезот на вирусот во организмот“, изјавила Тубиќ.

Реља Суричиќ појаснува дека информациите добиени од другите истражувачи и сознанијата за корона вирусот биле добра основа за почеток.

– „Ги испитувавме сите сложени хемиски структури од кората на калинката и ги споредивме ефектите кои се добиваат со нивна употреба со ефектите на лековите кои на почетокот од пандемијата беа користени во Кина како терапија“, вели Суричиќ.

Првиот човек на Медицинскиот факултет во Бања Лука, истакна дека ова истражување, кое е објавено и во едно канадско-америкнаско списание, нема тука да застане. Имено, како што вели Шкрбиќ, целта на истражувачкиот тим е после неколкуте лабораториски анализи да дојдат и до клиничко испитување, па екстрактот од кората од калинка да почне и официјално да се применува.

Серолошко истражување

Ранко Шкрбиќ вели дека Медицинскиот факултет има полни раце работа и кога станува збор за серолошкото испитување.

-„ Ни пристигнаа првите 40 примероци и сметам дека веќе на почетокот на следната недела ќе завршиме во Бања Лука. Наредните денови ќе почне собирањето на примероци од околните општини“ – изјави Шкрбиќ и додава дека до крајот на декември треба да ги имаат и првите резултати за колективниот имунитет на граѓаните.  

Извор: ekapija.com

Може да ви се допадне

Камениот мост во село Зовиќ туристичка атракција во Мариово
Корисни совети за заштита од оси лете
Супер трик кој ќе ве воодушеви: Како на хортензиите да им ја смените бојата?
Тежина, звук и дамка: Клуч за избор на совршена лубеница
Витаминот Д може да спречи 30.000 смртни случаи од рак годишно, покажуваат истражувања
Таг:Бања Лукаекстрактистражувањакалинка
Претходен напис Путин ја продолжи забраната за увоз на храна од ЕУ – руските потрошувачи се жалат на високите цени
Следен напис Високи субвенции од 72 000 денари за хектар органска пиперка и други бенефиции од државата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?