Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Првото македонско сертифицирано органско бело вино „Фариш“ го произведе семејната винарија „Пешков“ од Кавадарци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Првото македонско сертифицирано органско бело вино „Фариш“ го произведе семејната винарија „Пешков“ од Кавадарци
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

Првото македонско сертифицирано органско бело вино „Фариш“ го произведе семејната винарија „Пешков“ од Кавадарци

Објавено 27/02/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image


Семејната винарија „Пешков“ 
од Кавадарци неодамна на пазарот го промовираше првото сертифицирано органско бело вино во Македонија, под името „Фариш“. Традицијата на производство на грозје, веќе три генерации е дел од семејството Пешкови. Од пред неколку години тие почнаа да произведуваат и вино, а веќе следната година одлучија традицијата да ја преточат во бизнис со регистрирање на семејната винарија. Идејата да се произведе органско вино, како што вели Петре Пешков, енологот во семејството, произлегува од нивното мото: да се работи во склоп со природата, а не против неа. Во тој правец jа замислуваат иднината, во која сето грозје и вино што ќе ги произведат да бидат органски. Пешков смета дека еколошкиот начин на живот и производство е иднината во оваа земјоделска гранка, пишува ИНОВАТИВНОСТ.мк

Разговараше – Сања Наумовска

Г-дин Пешков, колку време постои винаријата „Пешков“ и кој е тимот што го направи виното?

Семејната винарија „Пешков“ официјално е регистрирана во јули минатата година. Во изминатите неколку години произведувавме вино за домашни потреби, а со новите измени во законот со кои се олеснија условите за регистрација на семејни винарии, одлучивме да се регистрираме. Нашата винарија претставува семеен бизнис, што значи дека од одгледувањето на лозовите насади, па се до бербата на грозјето, е вклучено целото семејство, односно моите родители, како и моите баба и дедо. Кога станува збор за крајната фаза, односно преработката на грозјето во вино, главните обврски и следење на целиот процес од почеток до крај, е во моја надлежност бидејќи сум дипломиран енолог и главен носител на овој бизнис.

Неодамна го промовиравте вашиот нов продукт, сертифицираното органско бело вино „Фариш“. Која е неговата уникатност со која ќе го освојува пазарот?

Уникатноста на нашиот нов производ „Фариш“, е тоа што е единственото сертифицирано органско бело вино во Македонија. Тоа значи дека при обработувањето на лозовите насади не се користени вештачки ѓубрива и хемикалии, туку насадите од кои потекнува грозјето за ова вино се третирани само со органски ѓубрива кои не оставаат негативни последици на екосистемот. Во производството на виното не се употребени адитиви ниту вештачки бои. „Фариш“, исто така е во ограничени количини. Произведовме лимитирана серија од само 1.000 шишиња.

„Фариш“ е произведено од сортата смедеревка и се карактеризира со висока свежина, присуство на арома на зелено јаболко и има светложолта боја. Виното е произведено во строго контролирани услови но и со многу љубов, голема посветеност и желба да се достигнат карактеристиките на врвно вино. Од друга страна, пак, задоволството е поголемо затоа што сме свесни и дека природата останала неоштетена.

Дали винаријата има и други вина кои се произведуваат од органско грозје?

Нашата винарија, покрај „Фариш“, произведува уште две други сорти на вина, од сортата на грозје темјаника и од сортата вранец. Овие вина се произведени од грозјето од нашите сопствени лозови насади, кои се во преодна фаза кон органски, што всушност е период од три години во којшто лозовиот насад преминува од конвенционален во органски. Во оваа преодна фаза, лозовите насади се третираат само со органски препарати. Уште еден наш производ е и маџунот што го правиме од вранец, во строго контролирани услови.

Каков е патот до органски производ? Дали условите во Македонија се наклонети за органско производство на грозје?

Органскиот начин на производство е потежок од конвенционалниот. Конкретно, во одгледувањето на лозови насади потребен е поголем ангажман во кој не се користи механизација и има многу повеќе рачна работа.

…

Интервјуто во целост на следниот линк

Извор: ИНОВАТИВНОСТ.мк

Може да ви се допадне

До 15 јуни производителите на вино можат да аплицираат за финансиска поддршка на инвестициите
Кои се барањата за производство на органско вино и органски производи од вино
КОРНИШОНИ во пластеници – агробизнис кој има СИГУРЕН ПЛАСМАН и ОДЛИЧНА ЦЕНА на производот
Исплатени 59 942 278 денари од интервентен фонд за произведено вино
Насади со ФСТАЦИ – перспектива за македонското овоштарство: Услови, набавка на садници, садење, резидба…
Таг:винаријавиногрозјеиновативностФариш
Претходен напис Во дворот на Фатми Рушидовски, трактори „Солис“: Ме бендисаа многу, полесна е работата со нова механизација
Следен напис Одржана седница на Советот за рамномерен регионален развој – Конституиран е новиот состав на Советот и усвоена Програмата за Рамномерен регионален развој за 2021 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?