Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во дворот на Фатми Рушидовски, трактори „Солис“: Ме бендисаа многу, полесна е работата со нова механизација
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во дворот на Фатми Рушидовски, трактори „Солис“: Ме бендисаа многу, полесна е работата со нова механизација
Агровести

Во дворот на Фатми Рушидовски, трактори „Солис“: Ме бендисаа многу, полесна е работата со нова механизација

Објавено 26/02/2021
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ова е с.Лажец кое што од градот Битола е оддалечено 16 километри. А ова е 43 годишниот Фатми Рушидовски, кој не пречека и ни ја раскажа својата приказна, се вели во репортажата на Телевизија Тера. Потекнува од земјоделско семејство. Вели дека откако памети засебе се занимава со земјоделие и сточарство, односно краварство. Прво со нивите и стоката работел неговиот татко, потоа тој заедно со неговиот брат, а сега работи сам со своите синови, бидејќи неговиот брат пред години заминал во Австралија. Тој 5 пати досега бил во прекуокенската земја,  но љубовта кон родното огниште секогаш го враќала назад.

„Со земјоделие се занимавам откако знам за себе. Прво татко ми, па брат ми, тој сега е во Австралија, сега ги обработувам и неговите ниви. Тоа ни е единствената егзистенција“, вели Фатми Рушидовски.

Обработува 16 хектари земјоделско земјиште, дел негова сопственост а дел закупено. Исклучиво нивите ги сади со пченка и луцерка. Вели дека за обработка на нивите му е потребна соодветна механизација за да може да ги реализира своите планови. Па така во 2013 година набавува трактор од брендот Солис од Хемометал. Кога ја видел разликата колку брзо и добро може да ја обработи својата земја со овај трактор во споредба со претходниот, пред две години решава да купи уште еден трактор, исто така од брендот Солис.

„Поседувам 5 хектари земја, другото е под наем, близу се околу 16 хектари земја. Ги садам нивите само со пченка и луцерка, само за храна на кравите. За продавање немам. Мене ме бендисаа тракторите. Задоволен сум многу и затоа го купив и вториот трактор. Балирачката ми е од Хемометал, приколиците ми се од Хемометал , и плугови имам од таму. Практично се ми е одтаму, од друго место немам ништо. Во 2013 ми е набавен првиот трактор, а вториот трактор го зедов во 2019 година. Поседувам плугови климери, тањирача , практично се што треба да поседува еден земјоделец од страна на механизација имам. Се ми е купено со сопствени средства.Со овие трактори ми е многу олесната работата, порано имав други трактори со кои имав многу проблеми и затоа се одлучиув да купам Солис трактори. За многу пократко време ја обработувам сега земјата во споредба со претходно“, вели Рушидовски.

Од обработката на нивите кои ги сади само со пченка и луцерка годишниот принос му е околу 150 тони пченка и 5 до 6 илјади бали луцерка. Целиот принос го користи за храна за кравите. Со сточарство, односно краварство се занимава долги години. Во неговата штала има 50 крави, дел со телиња, кои му даваат 500 литри млеко дневно, кое го предава во млекарата Вемилк. Работата вели му е олеснета со машината за молзење која што исто така ја набавил од Хемометал, а со која можат четири крави одеднаш да се молзат. Моментално има 37 крави молзни, но неговиот план е во иднина да ја прошири шталата со уште 30 тина крави молзни. Иако вели работата со стоката е мачна и тешка, сепак се исплаќа.

„Имам 50 крави, мало големо, а денот вадам околу 500 литри млеко. Земјоделието е тешко, но сега за тоа се одлучивме и ќе продолжиме во иднина да се занимавме со тоа. Некогаш се исплаќа некогаш не. Но сега засега сум задоволен од кравите. Во иднина планирам да ја проширам шталата“, рече Рушидовски.

Откако ќе ја прошири својата фарма, планира да купи и нова современа машина за молзење, која што како што рече ќе ја набави од Хемометал.

Во знак на долгогодишната соработка, од страна на компанијата Хемометал доби плакета.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Претходен напис Се интензивира соработката на РСМ и САД и на полето на безбедноста на храната
Следен напис Првото македонско сертифицирано органско бело вино „Фариш“ го произведе семејната винарија „Пешков“ од Кавадарци
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?