Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Одржана седница на Советот за рамномерен регионален развој – Конституиран е новиот состав на Советот и усвоена Програмата за Рамномерен регионален развој за 2021 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Одржана седница на Советот за рамномерен регионален развој – Конституиран е новиот состав на Советот и усвоена Програмата за Рамномерен регионален развој за 2021 година
АгровестиРурален Развој

Одржана седница на Советот за рамномерен регионален развој – Конституиран е новиот состав на Советот и усвоена Програмата за Рамномерен регионален развој за 2021 година

Објавено 27/02/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вчера вечер, се одржа седница на Советот за рамномерен регионален развој, со која претседаваше заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, а на која се конституираше новиот состав на Советот, усогласен со измените и дополните на Законот за РРР.

Со измените на Законот, предидено е нови членови на Советот да бидат и првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби, вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров и министерката за образование и наука Мила Царовска. Членови на советот се и министерот за локална самоуправа, Горан Милески, министерот за финансии, Фатмир Бесими, министерот за економија Крешник Бектеши, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Аријанит Хоџа, министерката за култура Ирена Стефоска, претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, директорот на Бирото за рефионален развој, Рамиз Реџепи, како и осумте градоначалници, претседатели на осумте плански региони во Северна Македонија.

Освен конститурањето на новиот состав на Совотот за РРР, на денешната седница, новиот состав ја усвои и Програмата за рамномерен регионален развој за 2021 година, која е во вредност од 440 милиони денари, а се задолжи и Бирото за регионален развој да подготви среднорочна, тригодишна програма за РРР.

На оваа седница, Советот го задолжи Бирото за регионален развој да распише јавен повик  за поддршка на регионите и општините преку проекти за развој на специфични подрачја, села и урбани средини во вредност од околу 3 милиони денари.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:бировладаекологијарурален развој
Претходен напис Првото македонско сертифицирано органско бело вино „Фариш“ го произведе семејната винарија „Пешков“ од Кавадарци
Следен напис Бачовски: Почетокот на март го одбележуваме со исплата на субвенциите за полјоделски култури
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?