Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Првата винска авиолинија во светот овозможува посети на локални винарии и лозја со луксузен авион со 34 седишта
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Првата винска авиолинија во светот овозможува посети на локални винарии и лозја со луксузен авион со 34 седишта
Магазин

Првата винска авиолинија во светот овозможува посети на локални винарии и лозја со луксузен авион со 34 седишта

Објавено 13/01/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Invivo Air House од Нов Зеланд е во сопственост на винарската визба Invivo, а за почеток ќе превезува луѓе од Окленд до Квинстаун, со промотивна програма и посети на винарите.
Новозеландската винарија Invivo, меѓу чии деловни партнери е и познатата актерка Сара Џесика Паркер, ја отвори првата авиокомпанија во светот во сопственост на компанија за производство на вино. На почетокот на оваа година, Invivo Air ќе ги прими првите патници, кои ќе летаат од Оукленд до Квинстаун.

Сара Џесика Паркер

Авиокомпанијата засега поседува само еден луксузен авион со 34 седишта, произведен од „Сааб“.

Основачите на винаријата „Invivo“, Роб Камерон и Тим Лајтбурн, изјавија дека премиерниот лет на новата авиокомпанија е сигнал за нов почеток на бизнисот со вино и туризам после 119 дена целосно затворање на градот Оукленд како дел од острите епидемиолошки мерки.

Приоритет при купувањето билети за овие летови ќе имаат вработените во туризмот и угостителството, а особено оние кои во најголема мера се најпогодени од последиците од затворањето. Исто така, билетите ќе се продаваат по промотивни цени и „преку ред“ на обичните граѓани кои биле одвоени од нивните семејства во 2021 година.

-Ова беше тежок период, особено за баровите и рестораните на двата наши острови, кои во голема мера зависат од домашниот туризам. Летовите до Јужниот Остров се наш начин да ѝ покажеме на целата земја дека сме повторно отворени за туризам и да ги поддржиме најпогодените од оваа ситуација. Не исклучуваме воведување на нови летови, како и излез на меѓународна сцена. Invivo Air е бизнис класа во секоја чаша – изјави Тим Лајтбурн.

Патниците на летовите на Invivo Air ќе уживаат во целодневна програма која се состои од пијалак за добредојде на летот кој трае околу два часа, престој во хотелот „Хилтон Квинстаун“ и посети на локални винарии и лозја.

Винаријата Invivo
Винаријата Invivo

Може да ви се допадне

Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Пиперки полнети со урда
Кох од гриз
Таг:InvivoвинаријаСара џесика паркер
Претходен напис Поради огромните количини фрлена храна, ЕУ ќе ги менува ознаките за рокот на употреба
Следен напис Овоштарите од Кумановско заинтересирани за инвестиции во системот за наводнување
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?