Во последно време се поголем е брјот на градинари аматери кои се заинтересирани за одгледување на пиперки , а исто така има и земјоделци кои сакаат да одгледуваат нови сорти на пиперки кои го привлекуваат вниманието со својот облик, боја, големина и лутина.

Пиперката е термофилна култура односно култура која бара топлина и за да одгледувањето на пиперките биде успешно или за да се осигура рано проиводство, најдобро е самите да си произведете расад
За да се произведе расад за пиперки потребно е најпрво да се одбери семе од соодветна сорта кое пред се треба да биде квалитетно. Кога се користи семе од сопствента градина , плодот на пиперката треба да биде физиолошки зрел. Треба да се знае дека семето од чили пиперките е малку потврдо и никнува поспоро одколку семето на благите сорти. Семето на пиперките чувано во добри услови може да се користи и после 3 до 4 години.
Во пластениците кои се загреваат , сеидбата се врши во февруари
Доколку расадот за пиперките се сади во пластеници во кои има греење тогаш сеидбата започнува во почетокот на фебруари, пресадувањето се врши во април, а првите плодови ги имате веќе во почетокот на јуни.
Доколку се панира пиперките да се садат на отворено, сеидбата на расадот се врши нешто покасно. Сеидбата на отворено се врши тогаш кога ќе помине опасноста од касни мразеви. Производството на расад за пиперките од сеење на семето до пресадувањето трае околу 6 до 8 недели.

Според должината на вегетацијата пиперките се делат на :
- Рани сорти
- Средно рани сорти
- Касни сорти на пиперки
Должината на вегетацијата влијае на периодот за одгледување на расадот и на можноста за одгледување на пиперки од семе. Пред сеидбата треба добро да се проучи сортата која сакте да ја одгледувате, должината на вегетацијата, должината на периодот на растење на расадот и слично. Вегетативниот период на пиперките кај нас може да биде 100 до 150 дена во зависност од сортата.
Да се избегнуваат нагли промени на температурата
За ‘ртењето, никнувањето, растот и развојот, големо влијание има температурата. Топлината е неопходна во сите фази од развојот на пиперката. При одгледувањето на расад за пиперки треба да се избегнуваат наглите промени на температурата, бидејќи тоа негативно влијае на растот и развојот на ова растение.

На температура под 14 степени Целзиусови застануваат процесите во семето кое ‘рти и доаѓа до пропаѓање на активираното семе. Доколку вредноста на температурата се движи помеѓу 26 и 28 степени Целзиусови, пиперката ќе никне за помалку од 10 дена. Намалувањето на температурата доведува до продолжување на времето на ‘ртење и никнување, а премногу долг период доведува до пропаѓање на семето.
Откако младите растенија ќе никнат, температурата се смалува за да се спречи издолжување и да се овозможи подобар развој на коренот. Температурата се намалува до 18 степени Целзиусови, а најмалку до 16. Овој период со намлена температура трае се додека не се развијат два листа и тогаш температурата се покачува над 20 до 24 степени Целзиусови.
Треба да се полеваат со вода на собна температура
Температурата во текот на ноќта треба да биде пониска за да се осигура подобар развој на коренот и да се спречи негово прегрејување. Во текот на ноќта температурата треба да се движи помеѓу 15 и 18 степени Целзиусови.
Доколку семето го посеете во садови, растојанието на кое треба да ги поставите семињата е 1,5 до 2 сантиметри. Слојот на супстратот со кој се покрива семето треба да биде дебел 1 до 1,5 сантиметри. Наводнувањето треба да биде со вода која има собна температура, бидејќи ладната вода може да предизвика шок при ‘ртењто и да го намали имунитетот на растението.
После 3 до 4 недели од сеидбата младото растение ќе развие листови во пар. Младите растенија кои имаат само котилидони листови се премногу млади и лесно можат да се скршат.
Извор : Агроклуб
