
Краток опис на новите пестициди со начин на примена
- DELEGATE® 250 WG
Инсектицид од новата генерација кој припаѓа во групата на спинозини, содржи 250 g/kg спинеторам. Инсектицидот DELEGATE 250 WG според начинот на дејствување е класифициран во MoA група 5 има изразено контактно и дигестивно дејство. Лесно се транспортира низ растителните клетки и низ спроводните садови поради што покажува трансламинарно и системично движење низ растението. Делува на никотин-ацетилхолин рецепторите (nAChR) но поради сосема различниот начин на дејствување не предизвикува ниту е подложен на вкрстена резистетност со неникотиноидите.
Jаболков црв (Cydia pomonella), Крушкин црв (Laspeyresia pyrivora), Крушкова болва (Cacopsylla pyri): DELEGATE 250 WG се употребува во препорачана доза од 0,25 kg/ha – 0,5kg/ha на почетокот на пилење на ларвите. Може да се употреби, по избор, за било која одгенерациите на јаболковиот црв. По нанесувањето на DELEGATE 250 WG во периодот на голем ризик од овој штетник, заштитата треба да се изведува на 10 до 12 дена (10 дена при силен притисок). Во овој случај, може да се ротира со друго средство кое е дозволено за оваа намена. Во услови на Преспа DELEGATE 250 WG употребен во доза од 300 g/ha за сузбивање на јаболковиот црв, покажа ефикасност од 98 %. Каренца: 7 дена - Harpun: 100 g/L piryproxifen
Инсектицид кој припаѓа во групата на регулатори на пораст. Делува на јајцата и првите ларвени степени на јаболковиот црв, крушковиот црв и крушковата болва. Се препорачува примена за време на полагање на јајцата и пилење на ларвите. - Romectin: 18.5 g/L Abamectin
Инсектицид и акарицид, кој покрај тоа што делува на голем број економски значајни штетници како што се: јаболковиот црв, крушковата болва и црвениот овошен пајак и двоточкастото пајаче. - Teppeki: 500 g/kg Flonicamid
Системичен инсектицид – афицид. Делува на голем број економски значајни видови на лисни вошки, вклучително и јајцата на крушковата болва. - Fastac 10 EC: 100 g/L Alpha – cypermethrin
Инсектицид со контактно делување кој припаѓа во групата на пиретроиди. Има одлична ефикасност во сузбивањето на голем број економски значајни штетници како што се: лисни вошки, јаболков црв, крушкин црв и свиткувачи на покожицата на плодот и крушкова болва.
Изработил:
М-р Петковски Ефтим
Хемомак Пестициди ДООЕЛ – Велес
