Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Висина на субвенции за поледелство – 2020 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > Висина на субвенции за поледелство – 2020 година
Субвенции

Висина на субвенции за поледелство – 2020 година

Објавено 12/05/2020
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Субвенции за пченица, јачмен, пченка, `рж, овес, тритикале, хељда, сирак, просо, хмељ, лен, леќа, кикирики, соја, сончоглед, маслодајна репка, добиточна репка, шеќерна репка, памук, анасон, фацелија, граор, еспарзета, добиточен грашок, наут (слануток) и за засеана или одржувана површина со луцерка се:

  • 12.000 денари по хектар со сертифициран семенски материјал,
  • за површината од 5 до 50 хектари субвенциите се 14.400 денари по хектар со задолжителна употреба на сертифициран семенски;

Субвенции за ориз се:

  • 25.000 денари по хектар,
  • за површината од 5 до 50 хектари субвенциите се 30.000 денари по хектар за земјоделски стопанства со задолжителна употреба на сертифициран семенски материјал,

Субвенции за афион се:

  • 16.000 денари по хектар,
  • За површина од 5 до 50 хектари субвенциите се 19.200 денари по хектар за земјоделски стопанства со задолжителна употреба на сертифициран семенски материјал.

Субвенции без употреба на сертифициран семенски материјал

  • Пченица, јачмен, пченка, `рж, овес, тритикале, хељда, сирак, просо, хмељ, лен, леќа, кикирики, соја, сончоглед, маслодајна репка, добиточна репка, шеќерна репка, памук, анасон, фацелија, граор, еспарзета, добиточен грашок, наут (слануток) и за засеана или одржувана површина со луцерка 6.000 денари по хектар;
  • за сончоглед и афион 8.000 денари по хектар; и
  • за ориз 18.000 денари по хектар.

Дополнителни субвенции поледелство

За површина од 5 до 50 ха збирно за следните култури: јачмен, пченица, рж, овес и сончоглед со сертифициран семенски материјал

Услов: производство да е продадено во преработувачки капацитети вклучително и произведените жита за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, а запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи;

Услов: остварени приноси:

  • 4.000 кг/ха за пченица;
  • 3.000 кг/ха за јачмен;
  • 3.000 кг/ха за `рж,;
  • 3.000 кг./ха за овес; и
  • 1.500 кг./ха за сончоглед.

Висина на субвенција 5.760 денари по хектар.

Дополнителна мерка сончоглед

Услов за користење дополнителна мерка сончоглед: да се корисници на основната мерка за поледелски култури – сончоглед со сертифициран семенски материјал.

Субвенции – 3.000 денари по хектар

Дополнителни субвенции на основните

За вршење на земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности за производство:

  • Дополнителни 15% на веќе добиените субвенции.

за растително органско производство и производство во преод

  • Дополнителни 50% на веќе добиените субвенции за поледелски култури.

Поддршка за зелена нафта:

  • пченица, јачмен, пченка,`рж, овес, ориз, тритикале, хељда, сирак и просо изнесува 1.250 денари по хектар;
  • хмељ, лен, леќа, кикирики, соја, сончоглед, маслодајна репка, добиточна репка, афион, шеќерна репка, памук, граор, еспарзета, добиточен грашок и наут (слануток) и луцерка изнесува 1.875 денари по хектар;

Дополнителни субвенции – помош за следните категории носители на земјоделски стопанства:

  • Дополнителна помош од 5% на правно лице регистрирано во ЕРЗС како земјоделско стопанство кое е основано од носителот или членот на семејно-земјоделско стопанство со целокупниот земјоделски имот на семејно-земјоделско стопанство освен објекти за домување или престојување на земјоделски производители;
  • Дополнителна помош од 10% на млад земјоделец носител на семејно-земјоделско стопанство;
  • Дополнителна помош од 20% на носител на семејно-земјоделско стопанство кој е регистриран вршител на земјоделска дејност согласно со Законот за вршење на земјоделска дејност или е регистриран како индивидуален земјоделец согласно со Законот за пензиското и инвалидското осигурување.

Промени скалесто субвенционирање

Намалување на субвенциите според скалесто субвенционирање во Програмата 2020:

  • 0,5 хектари до 50 хектари – 100%,
  • од 50,01 хектар до 100 хектари 60%, и
  • над 100 хектари 30%

Со промените во скалестото земјоделците ќе добијат поголема сума на субвенции, направени се измени го градацијата (намелена е цела една ставка). Во претходите години скалестото беше:

  • 0,2 хектари до 20 хектари – 100%,
  • 20,01 хектар до 50 хетари – 60%,
  • 50,01 хектар до 100 хекрати – 30%,
  • Над 100 хектари – 20%.

Во Програмата за 2020 година со направените огромни промени во однос на скалестото намалување на субвенциите се со една цел земјоделците да добијат поголеми субвенции.

Може да ви се допадне

Над 40 милиони евра се префрлени на 9.565 земјоделци во рамките на еко-шемата за зачувување на потенцијалот на почвата
Уапсени вкупно 39 лица во Грција за скандалот со европските земјоделски субвенции – нелегално се стекнале со над 7,5 милиони евра
ММФ предупредува дека широките субвенции и замрзнувањето на цените можат да ја продлабочат кризата
Исплата на субвенциите за тутун – првата недела во јуни, најави директорката Иротова
Општина Илинден со субвенции до 10.000 денари за инвертер клими и соларни панели
Таг:денариповршинаполеделствосубвенции
Претходен напис Програма за заштита на крушата од крушкова болва и други економски значајни штетници
Следен напис Oд утре УШТЕ ПОТОПЛО ВРЕМЕ – следува ВИСТИНСКО ЛЕТО
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?