Во текот на денешниот ден, времето во нашата држава ќе биде променлибо облачно со повремен локален дожд, особено од пладневните часови па натаму.
Попладне локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 28 степени.
Во Скопк и околината времето ќе биде променливо облачно со услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец и истиот повремено ќе засилува. Максималната дневна температура на воздухот ќе се искачи до околу 26 степени.
И во следните денови во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Не се исклучува можноста и за локална појава на град. Едино помали услови за нестабилност ќе има во сабота. Максималните дневни температури, особено за викендот ќе бележат тенденција на пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени.
Временската прогноза ја подготви Славчо Попоски

