Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Продажбата на аргентинското говедско во ЕУ падна на нула?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Продажбата на аргентинското говедско во ЕУ падна на нула?
Пазари

Продажбата на аргентинското говедско во ЕУ падна на нула?

Објавено 07/04/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Испораката на говедско од Аргентина во Европската унија падна скоро на нула, а продажбата во Кина е многу пониска во однос на минатата година. Проблем претставува и долгото задржување на стоката на граница, пад на побарувачката, а многу се погодени и кланиците.

Затворени граници, возачи на камиони во неизвесност, стоката со часови без храна и вода стисната во мал простор на пат, не се единствените проблеми предизвикани од пандемијата на корона вирусот КОВИД-19. Пошироко гледајќи ја сликата, оваа ситуација има далеку посилно влијание на глобалното сточарско производство. Стоката не е килограм шеќер или конзерва грав, па во магацин да може да почека некој месец.

Аргентина, се чини, по тоа прашање ќе собере најголеми штети. Испораките на говедско во тие земји на Европската унија паднаа скоро на нула. а продажбата во Кина е пониска во однос на минатата година, наведува Ројтерс.

Затворање на рестораните и забавен превоз

На побарувачката најмногу влијае и затворањето  на рестораните и забавен превоз на стоката како мерка за контрола на ширење на вирусот.

Последниве години бројот на испорака на аргентинско месо порасна, особено поттикнато со побарувачката во Кина, што на оваа јужноамериканска држава минатата година и помогна да го згоелми зивозот на говедско месо на три милијарди долари. Извезени се речиси 850.000 тони месо од кое три четвртини заминало во Кина а девет отсто го прави извозот во ЕУ.

Марио Раветино, претседател на АБЦ конзорциумот на аргентински извозници на месо, кој ги претставува локалните одгледувачи, истакнува дека извозот на говедско во Кина, во март се намалил за околу 15 отсто во однос на истиот период минатата година.

Ширење на заразата 

Истовремено, проблемот со испораката на стока имаат многу земји членки на ЕУ. Долгото стоење на границите ја зголемува можноста за зараза и ширење на зооноза.

Европската агенција за сигурност на храна (EFSA) предупредува дека стресовите поврзани со ракување и транспорт можат да предизвикаат латентната инфекција да премине во болест. Поголема е веројатноста дека таквите животни ќе ги заразат другите во текот на патувањето или после доаѓањето на местото а во многу случаи ( на пример салмонела) ќе го зголеми ризикот за заболување.

Стравови со снабдување со месо

На оваа криза се надоврзува и загриженоста поради синџирот со снабдување со месо. Секое затвoрање на кланиците би можело да доведе до ограничување со снабдувањето, зголемување на цените и конeчно, проблеми за земјоделците, велат стручњаците.

“Системот кланици е многу ранлив, бидејќи иако и автоматизацијата е се поголема, тие и понатаму во голема мера зависат од човечката работа. Ако некој на кланичката линија е болен, мора ли целата линија да се самоизолира и колку долго? Ако нема доволно луѓе, инспектори или ветеринари, тоа значи дека фабриката не може да работи“, сметаат аналитичарите од компанијата IHS Markit.

Од таму велат дека кланиците последниве години се ранлива точка во синџирот со снабдување со месо. Во САД спрема податоците на Институтот за грижа за животните, бројот на кланици се намалил за скоро 8.000 колку што биле во 1970 година на нешто помалку од 3.000 во 2018 година. Во Велика Британија бројот на кланици на црвено месо опаднал на отприлика од 1900 колку биле пред 50 години на 249 во 2018 година.

Проблем се и работниците кои се за таа работа, кои инаку во Велика Британија се плаќаат 13 фунти на час и не можат брзо да се усовршат.

Значи,предизвици има многу, па  не преостанува ништо друго туку да се следи развојот на ситуацијата и да се реагира на време на најдобар можен начин.

Извор: Agroklub.rs

Може да ви се допадне

Од 1 јули дополнително намалување и целосно усогласување на царинските стапки со ЕУ за 70 суровини и репроматеријали што се користат во домашната индустрија
Албанија напредува во преговорите со ЕУ – Рама и Кос: Европската интеграција влегува во одлучувачка фаза
ЕУ го казни „Тему“ со 200 милиони евра заради нудење и пласирање нелегални производи
Просечната работна недела во ЕУ е 35,9 часа, во Македонија 39,5
Новиот европски план за ѓубрива: Поголема поддршка за земјоделците и развој на биолошки ѓубрива
Таг:аргентинаговедскоеуковидпродажба
Претходен напис АХВ: Процедури за постапување во синџирот на утовар/растовар и превоз на стока во меѓународниот и внатрешниот превоз
Следен напис Фон дер Лајен: Не смее да има проблем во земјоделскиот сектор во Европа
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?