Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

АФПРЗ: Исплативме 195 милиони денари субвенции за ориз и млеко


Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, исплати вкупно околу 195 милиони денари субвенции за ориз и млеко.

Од оваа сума 153,4 милиони денари се за редовната субвенција за предадено кравјо, овчо и козјо млеко на 6.742 сточари и 41,4 милиони денари за дополнителната субвенција од 5 денари за предадена оризова арпа на 1.130 земјоделци.

Во следниот период ќе следува исплатата на дополнителните мерки за субвенции за површини со поледелски, градинарски култури, лозови и овошни насади, за грла добиток, за предадени градинарски култури, за домати, за откупена пченица, за предадени јаболка и за заклани свињи поради превенција од болеста африканска свинска чума.

Од јуни 2017 до сега се исплатени 314,5 милиони евра за субвенции за Програмата за земјоделство и рурален развој. Во оваа сума спаѓаат тековните исплати, но и заостанати исплати по основ на наследени долгови од претходни години.

Окт 25, 2019agrotim1
Повторно процвета и раѓа овошјетo, зимата ќе биде јака!?Преку ИПАРД можете да вратите 60% од инвестицијата за нов овошен насад, еве што треба да знаете

Напишете коментар Откажи одговор

25/10/2019 Агровестиземјоделци, култури, милиони евра, млеко, ориз, платежна, субвенции385

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019