Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пожар во близина на Велес, на патот во правец на Штип, со авионите на ДСЗ е под контрола
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Пожар во близина на Велес, на патот во правец на Штип, со авионите на ДСЗ е под контрола
Агровести

Пожар во близина на Велес, на патот во правец на Штип, со авионите на ДСЗ е под контрола

Објавено 28/07/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денеска, попладне, избувна пожар во велешката месност „Дорутовец“, по бензинската станица на „Макпетрол“, пред влезот во Велес, од десната страна на патот гледано во насока кон градот, известри Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Поради ветрот и опасноста пожарот да се прошири, раководителот на Главниот штаб за управување со кризи, Стојанче Ангелов, активираше два авиона „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Во моментот, на терен се пожарникарите на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Велес коишто дејствуваат со две ПП возила и 6 нивни припадници.

По дејството на противпожарните авиони „ер трактор“ на ДЗС, пожарникарите на ТППЕ Велес, месно население од с.Чалошево, а и епипа со цистерна од ЈП ,,Дервен“ врз пожарот во месноста „Дорутовец“ во Велешко, опасноста е намалена, но пожарот е проширен во правец на патот Велес – Штип. Заради чадот што ветрот го носи кон автопатот, од Главниот штав за управување со кризи е побарана поддршка од МВР за регулирање на сообраќајот согласно потреби. Состојбата се следи од Главниот штаб за управување со кризи, во координација со екипите на терен.

Инаку, во државата има и други пожари, од коишто до 18:00 часот, во ЦУК се регистрирани вкупно 9 пожари на отворен простор, при што aктивни се 4 пожари, под целосна контрола нема, а изгаснати се 5 пoжари.

Извор – РАЦИН

Може да ви се допадне

Министерот Серафимовски потврди: Ребалансот се донесе, пари има обезбедено, следува исплата на субвенциите
Влада: Обезбедени се над 10 милиони евра за откуп на оризова арпа и грозје вранец
Во Пробиштип утре четврто прскање против комарци
Народна банка: Основната каматна стапка останува непроменета – и натаму постои висока неизвесност
Мицкоски: Следната недела очекувам поголемо намалување на цената на дизелот и бензините, имаме убедливо најниска цена во регионот
Таг:велеспожарЦУК
Претходен напис Влада: Обезбедени се над 10 милиони евра за откуп на оризова арпа и грозје вранец
Следен напис Министерот Серафимовски потврди: Ребалансот се донесе, пари има обезбедено, следува исплата на субвенциите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?