Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Повторно процвета и раѓа овошјетo, зимата ќе биде јака!?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Повторно процвета и раѓа овошјетo, зимата ќе биде јака!?
Совети

Повторно процвета и раѓа овошјетo, зимата ќе биде јака!?

Последна измена: 25/10/2019 11:26
Сподели
4 мин. за читање
Сподели

Кој не обезбедил огрев , нека побрза , а кој купил дрва , нека купи уште. Пред нас е јака и долга зима . Барем така велат жителите во селата каде што јаболката годинава процветаа по втор пат , а малините имаат плодови како на сред лето.

Меѓутоа агрономите велат дека есенското цветање е предизвикано од невообичаено топлото време за овој период од годината и дека овоштарите наместо да раскажуваат  приказни ,треба повеќе внимание да му посветат на агротехничките мерки за да можат насадите што е можно поспремни да ги дочекаат снеговите.

На иста гранка и плод и цвет , а малите родија по втор пат годинава

Речиси и да нема овоштарник без есенско цветање. Додуша цветовите се ретки , само по неколку. Најмногу цветаат јаболката, а не ретко се забележува на иста гранка и цвет и плод.

Овоштарите велат дека според народните верувања есенското цветање на овошјата најавува исклучително ладна зима. Но климата веќе не е иста па така и прогнозите врз основа на овааа појава во природата се се помалку веројатни

Совет за овоштарите : Со преглед на стеблата да се утврди степенот на ретровегетација

Според најавите на метереолозите невообичаено топлото време ,со температури повисоки од 20 степени ќе се задржи речиси до ноември, а овоштарите стравуваат дека тоа би можело лошо да влијае врз растенијата. Стручњаците меѓутоа велат дека ваквата моментална состојба не е алармантна. Тие ги советуваат овоштарите, во текот на наредните денови да ги посетат своите насади и со преглед на стеблата да го утврдат степенот на ретровегетација, односно повторната појава на лисна маса и цвет после опаѓањето на лисјата. Велат дека тоа е неопходно бидејќи понатамошните мерки за нега ќе зависат токму од сегашната состојба на насадот. Во случај на ретровегетациаја на овошките ќе им биде потребна дополнителна нега. Една од првите мерки е есенско- зимската прихрана со ѓубриво кое содржи поголема концентрација на фосфор и калиум. На ваквите овошни насади исто така во наредната рана пролет пред почетокот на вегетацијата  ќе биде потребно дасе направи интензивно режење. Со тоа ваквите овошни насади подобро ќе се опорават од стресот предизвикан од ретровегетацијата и ќе се воспостави физиолошка рамнотежа помеѓу растот и родноста. Во случај да овошката повеќе се разлистала тогаш потребно е таа лисна маса да се изрежи пред почетокот на зимата и да се истретира со дозволени средства на база на бакар.

Режење на врвовите каде дошло до цветање

Есенското цветање нема негативно да се одрази  на родот на малинките во наредната година, но во насадите мора да се превземат одредени мерки.

Агрономите советуваат дека  треба  да се направи режење на врвовите на оние делови каде што дошло до цветање  со што ќе се спречи намалување на приносот  во наредната година. Ако има зрели плодови во секој случај треба да се соберат и да се употребат затоа што се  вкусни и ароматични, а пак недоразвиените плодови заедно со  гранчињата треба да се одстранат и изнесат од насадот. Останатите цветни пупки ќе се активираат при следната вегетација.

Појавата на голем број есенски цветови и пупки е исклучително штетна бидејќи со тоа се намалува отпорноста на растението од ниски температури , болести и од штетници. Една од причините за оваа појава е и неадекватното летно режење.

Сподед стручњаците, летното режење на овошките, меѓуредната обработка, уништувањето на плевелот, се само некои од агротехничките  мерки што треба да се применат после завршувањето на бербата , за да може насадите да бидат сигурни во претстојниот зимски период.

Извор: Agroklub

Може да ви се допадне

Пестициди, бактерии и јајца од паразити на јагодите: Миењето со вода не е доволно, запомнете две правила
(ВИДЕО) Велче Црвенов: Наместо работа во Швајцарија, семејна фарма со 100 грла овци од расата Асаф и убав живот дома
(ВИДЕО) Дали ги насадивте доматите? Еве што треба да направите следно!
Како да препознаете квалитетни садници од зеленчук?
(ВИДЕО) Најчести грешки во одгледувањето на пиперки на отворено
Таг:зимамладиовошкипукпкицветањецветови
Претходен напис Чудните моќи на „чувар на куќата“
Следен напис АФПРЗ: Исплативме 195 милиони денари субвенции за ориз и млеко
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?