Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Постапка при поднесување на Барање за директни плаќања
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Постапка при поднесување на Барање за директни плаќања
Агровести

Постапка при поднесување на Барање за директни плаќања

Објавено 30/07/2026
Сподели
29 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Барањата се поднесуваат по електронски пат преку софтверското решение за директни плаќања самостојно од страна на барателот, со регистрација во системот преку веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk со избор на делот „Директни плаќања е-субвенции“. На истото место ќе најдете детални технички упатства за создавање и поднесување на барањето како и за потребните документи.

По поднесувањето, барањето се печати и еден потпишан примерок се доставува до Агенцијата, а еден примерок задржува барателот.

Подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (во понатамошен текст: ПЕ на Министерството) обезбедуваат помош на барателите.

Измени и дополнувања на поднесеното барање може да се прават во рок од 30 дена од денот на поднесувањето.

За успешно извршување на контролите на самото место за мерките по површина, Агенцијата обезбеди податоци од сателитски снимки од период на вегетација на земјоделските култури.

ВАЖНО!

Следете го текот на обработка на вашето барањето преку веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk со избор на делот „Директни плаќања е-субвенции“ – „Преглед на барање“.

Тука можете да ги добиете следните информации:

–        датум на донесување на решение,

–        датум на исплата и

–        евентуални пречки за одобрување и исплата.

Од исто место можете да го преземете вашето решение.

 

Табеларен преглед на мерки и услови

Мерки за основна поддршка на доходот на земјоделските стопанства

Директни плаќања по површина

МеркаОсновни условиМинимум површинаОбврскиВисина
1.1 Поледелски културиЗасеани и ожнеани култури0,7 ха (0,2 ха тутун)Сертифицирано семе за дел од културите, Продажба/складирање за дел од културите6.000–18.000 ден/ха
1.2 Лозја и овоштарнициОдржувани насади0,5 ха лозја0,5 ха овоштарнициПродажба за дел од видовите12.000–42.000 ден/ха
1.3 Градинарски културиЗасеани и обрани0,3 хаПродажба за сите видови12.000–30.000 ден/ха
1.4 Контролирани условиПроизводство во оранжерии0,3 хаПродажба до 15 мај120.000 ден/ха
1.5 Угар/зелено ѓубреУгар/зелено ѓубрење25% од 1.1 и 1.3Агротехнички мерки3.000 ден/ха
1.6 ЛивадиКосење1 хаСоодветен број грла6.000 ден/ха

ВАЖНО!!!

Во случај кога не го исполнувате условот за минимум површина за поледелски, лозови, овошни и градинарски култури а имате одобрено барање во 2025 година со помали површини, за истиот минимум површина и за истите намени ќе можете да поднесете барање во 2026 година по МЕРКА 6

Директни плаќања по број на грла на добиток

МеркаОсновни условиМинимум грлаОбврскиВисина
1.7 ГоведаЖенски,18–180 месеци3Чување до 30 ноемвриПродадено млеко или колење8.000 ден/грло
1.8 Говеда 6–18 месециЖенски6–18 месеци/Чување до 30 ноември 3.000 ден/грло
1.9 ОвциЖенски и машкиМин.12 месеци30Чување до 30 ноемвриПродадено млеко најмалку 500 литри или заклано јагниња мин.30%3.000 ден/грло
1.10 КозиЖенски и машкиМин.12 месеци30Чување до 30 ноември 3.000 ден/грло
1.11 МаторициЖенски приплодни грла10Чување до 30 ноември 4.000 ден/грло
1.12 Пчелни семејстваРегистрирани презимени30Одржување на бројот до 30 септември600 ден/семејство+ 200 со посебни услови

ВАЖНО!!!

Во случај кога не го исполнувате условот за минимум грла за говеда, кози, маторици и пчелни семејства а имате одобрено барање во 2025 година со помал број на грла, за истиот минимум број  ќе можете да поднесете барање во 2026 година по МЕРКА 6

Мерки за дополнителна поддршка на доходот на земјоделските стопанства

МеркаКорисникУсловВисина
2.1 Подрачја со ограничувањаСитеПовршини или одгледувалиште над 700 м илиОдгледувалиште во населено место со жители до 100+15%
2.2 Категории носители на земјоделски стопанстваМлад илиРегистриранЗапишани промени во ЕРЗС+10% / +20% /+30%
2.3 Зголемен добитокСточариДо +30% раст+30%
2.4 Пчелни матициПчелариРегистрирани2.000 ден
2.5 Анализа на медПчелари30 презимени пчелни семејства50% од трошокот

Мерки за директни плаќања по единица производ во растителното и сточарското производство

МеркаУсловВисина
3.1 ТутунДоговорен и продаден60–80 ден/кг
3.2 Овошје и зеленчукПредадено3–5 ден/кг
3.3 Семе (житни)Произведено,сертифицирано, продадено4–20 ден/кг
3.4 Семе (тутун)Произведено и сертифицирано1.000 ден/кг
3.5 МлекоПроизведено и продадено6–7 ден/л
3.6 ГоведаОдгледани и заклани4.500–6.000 ден/грло
3.7 ГоенициОдгледани и заклани мин.201.000 ден/грло
3.8 БројлериОдгледани и заклани80 ден
3.9 НесилкиОдгледани и заклани120 ден
3.10 ПилињаОдгледани и продадени10 ден

ВАЖНО!!!

За мерките за произведен и продаден тутун, овошје, зеленчук и млеко, како и за заклани говеда, реализацијата е врз основа на доставени податоци од откупувачите. За овие мерки земјоделските стопанства не поднесуваат барања

Мерки за поддршка на влезни елементи во производството, како и нивните производи

МеркаУсловВисина
4.1 Набавени саднициКупени и засадени овошни и лозови садници35–40 ден
4.2 РасадКупен и засаден расад од градинарски култури10 ден
4.3 Осеменување на говедаДобиено теле2.000–4.000 ден

Други мерки за поддршка на влезни елементи во производството, како и нивните производи

МеркаУсловВисина
5 СкладирањеСкладирани пченица, јачмен и оризПокривање на трошоци
6 Мали земјоделски стопанстваПовршина и грла под минимумКорисник во 2025 годинаИста како мерките по површина и по грло
7 ОсигурувањеПолиса60%
8 СточарствоВоспоставување и одржување на матично книговодство 
9 ПочваАнализа60%
10 Гориво за земјоделска механизацијаКорисник по површина во 2025 година3.200–12.000 ден/ха

 Опис на мерки и услови

1.     Мерки за основна поддршка на доходот на земјоделските стопанства

Директни плаќања по површина

1.1  Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за поледелски култури

Услови:

–        Засеани и ожнеани поледелски култури на минимум површина од 0,7 ха збирно за сите култури со исклучок на тутун 0,2 ха

–        Задолжителна употреба на сертифицирано семе за: пченица, сончоглед и маслодајна репка

–        Задолжително продадено или складирано одредена количина на производство кај регистриран откупувач за: пченица, јачмен, пченка, сончоглед, маслодајна репка и афион. За: пченица, јачмен и пченка прифатливо е користење за исхрана на сопствени животни или продадено на земјоделско стопанство со регистрирано одгледувалиште на животни во период од 1 јуни до 15 октомври 2026 година. Договорот и финансовиот документ за извршена продажба да се достави во прилог на барањето.

Висина на поддршка:

–        Од 6.000 до 18.000 ден/ха во зависност од културата со скалесто намалување

1.2  Директни плаќања по обработлива површина за лозови и овошни насади

Услови:

–        Одржувани површини со лозови насади на минимум површина од 0,5 ха или

–        Одржувани површини со овошни насади на минимум површина од 0,5 ха

–        Задолжително продадено одредена количина на производство кај регистриран откупувач за винско и трпезно грозје и за следните овошни видови: јаболка, слива, цреша, праска, вишна, кајсија, круша, јапонско јаболко, калинка, лешник, бадем и орев

Висина на поддршка:

–        Од 12.000 до 42.000 ден/ха во зависност од видот со скалесто намалување

1.3  Директни плаќања по обработлива површина за градинарски култури на отворено и во пластеници

Услови:

–        Засеани и обрани градинарски култури на минимум површина од 0,3 ха збирно за сите култури

–        Задолжително продадено одредена количина на производство кај регистриран откупувач

Висина на поддршка:

–        Од 12.000 до 30.000 ден/ха во зависност од културата со скалесто намалување

1.4  Директни плаќања по обработлива површина за градинарски култури во контролирани услови

Услови:

–        Произведени домати, пиперки и краставици во контролирани услови на минимум површина од 0,3 ха збирно за овие култури

–        Задолжително продадено одредена количина производство во период од 1 јануари до 15 мај 2026 година

Висина на поддршка:

–        120.000 ден/ха

1.5  Директни плаќања за површини наменети за зелено ѓубре или угар во плодоред

Услови:

–        Обработлива земјоделска површина оставена за угар или зелено ѓубрење во времетраење од една година

–        Минимална прифатлива површина 25% од вкупно пријавената површина збирно по подмерките 1.1 и 1.3

–        Спроведени пропишани агротехнички мерки

Висина на поддршка:

–        3.000 ден/ха

1.6  Директни плаќања за одржување на ливади

Услови:

–        Ливада која се користи за косење со минимум површина од 1 ха

–        Прифатлив број на животни на површина од 0,7 ха:1 говедо или копитар или 10 овци или 4 свињи

Висина на поддршка:

–        6.000 ден/ха

Директни плаќања по број на грла на добиток

1.7  Директни плаќања за обележани женски грла говеда на возраст од 18 до 180 месеци

Услови:

–        Одгледување на минимум 3 обележани женски грла на возраст од 18 до 180 месеци

–        Задолжително чување до 30 ноември 2026 година

–        Задолжително произведеното млеко да е продадено на регистриран откупувач или одгледаното говедо да е заклано во кланица или да се евидентирани или регистрирани како примарни производители во АХВ

Висина на поддршка:

–        8.000 ден/грло со скалесто намалување

1.8  Директни плаќања за обележани женски грла говеда на возраст од 6 до 18 месеци

Услови:

–        Одгледување на обележани женски грла на возраст од 6 до 18 месеци

–        Задолжително чување до 30 ноември 2026 година

Висина на поддршка:

–        3.000 ден/грло

1.9  Директни плаќања за обележани грла овци постари од 12 месеци

Услови:

–        Одгледување на минимум 30 обележани грла на возраст над 12 месеци

–        Задолжително чување до 30 ноември 2026 година

–        Задолжително произведено и продадено млеко најмалку 500 литри или заклани најмалку 30% јагниња во кланица од бројот на пријавените овци по оваа мерка

Висина на поддршка:

–        3.000 ден/грло

1.10         Директни плаќања за обележани грла кози постари од 12 месеци

Услови:

–        Одгледување на минимум 30 обележани грла на возраст над 12 месеци

–        Задолжително чување до 30 ноември 2026 година

Висина на поддршка:

–        3.000 ден/грло

1.11         Директни плаќања за женски приплодни грла свињи маторици

Услови:

–        Одгледување на минимум 10 женски приплодни грла свињи маторици

–        Задолжително чување до 30 ноември 2026 година

Висина на поддршка:

–        4.000 ден/грло

1.12         Директни плаќања за регистрирано презимено пчелно семејство

Услови:

–        Одгледување на минимум 30 регистрирани презимени пчелни семејства

–        Задолжително одржување на пријавениот број до 30 септември 2026 година

Висина на поддршка:

–        600 ден/пчелно семејство

–        Дополнителни 200 ден/пчелно семејство при пријавени над 50 презимени пчелни семејства и исполнети дополнителни услови: да се евидентирани примарни производители  или да се одобрени оператори со храна во АХВ или пак имаат продадено мед во објектодобрен од АХВ

2.     Мерки за дополнителна поддршка на доходот на земјоделските стопанства

2.1  Дополнителни директни плаќања за земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности (ПОМ)

Услови:

–        Поднесено барање за површини со поледелски, градинарски, овошни и лозови насади или одгледување на говеда, овци, кози, маторици или пчели

–        Парцелите се наоѓаат над 700 метри надморска висина

–        Одгледувалиштето на животни е регистрирано во населено место со надморска висина над 700 метри или со број на жители помал од 100

Висина на поддршка:

–        Дополнителни 15% од основната мерка

2.2  Дополнителни директни плаќања за одделни категории носители на земјоделско стопанство

Услови:

–        Млад земјоделец

–        Регистриран земјоделец

Висина на поддршка:

–        Дополнителни 10% од основната мерка за млад земјоделец

–        Дополнителни 20% од основната мерка за регистриран земјоделец согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување

–        Дополнителни 30% од основната мерка за регистриран земјоделец согласно Законот за вршење земјоделска дејност (максимум 500.000 денари по корисник)

2.3  Дополнителни директни плаќања за зголемен пријавен број на грла во основното стадо

Услови:

–        Поднесено барање за говеда, овци или кози во 2025 и 2026 година

–        Пријавен зголемен број на грла во 2026 во споредба со 2025 година

–        Прифатлив зголемен број на грла е максимум до 30%

Висина на поддршка:

–        Дополнителни 30% од основната мерка за зголемениот број

2.4  Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.12 за пчелни семејства вклучени во селекција за производство на пчелни матици

Услови:

–        Одгледување на регистрирани пчелни семејства

–        Носителот или членот на земјоделското стопанство е регистриран  одгледувач на пчелни матици во МЗШВ

Висина на поддршка:

–        2.000 денари по пчелно семејство кое е во контрола и е вклучено во селекција за производство на пчелни матици

2.5  Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.12 за лабораториска анализа на физички и хемиски својства на мед

Услови:

–        Одгледување на минимум 30 регистрирани презимени пчелни семејства

Висина на поддршка:

–        50% од трошоците направени еднаш во 2026 година

3.     Мерки за директни плаќања по единица производ во растителното и сточарското производство

3.1  Директни плаќања за договорен и продаден ориентален ароматичен необработен тутун од реколта 2025 година

Услови:

–        Договорен и продаден ориентален ароматичен необработен тутун од реколта 2025 година на регистриран откупувач

Висина на поддршка:

–        60 до 80 ден/кг во зависност од класата на тутунот

3.2  Директни плаќања за овошје и зеленчук предадени во преработувачки капацитет

Услови:

–        Да се корисници од мерката по површина за овошје и зеленчук

–        Да го предале овошјето (одредени видови) и зеленчукот (сите видови) во определен период

Висина на поддршка:

–        3 до 5 ден/кг во зависност од видот или периодот на предавање

3.3  Директни плаќања за производство на семенски материјал за пченица, јачмен, ориз, тритикале и добиточен грашок

Услови:

–        Да се запишани во Регистарот на снабдувачи на семенски материјал

–        Да имаат произведено и сертифицирано семе во 2026 година согласно Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија

Висина на поддршка:

–        4 до 20 ден/кг во зависност од тоа дали семето е од прва генерација (Ц1), основен или предосновен материјал

3.4  Директни плаќања за производство на семенски материјал за тутун

Услови:

–        Да се запишани во Регистарот на снабдувачи на семенски материјал

–        Да имаат произведено и сертифицирано семе од тутун од прва генерација во 2026 година согласно Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија

Висина на поддршка:

–        1.000 ден/кг

3.5  Директни плаќања за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко

Услови:

–        Да имаат регистрирано одгледувалиште на говеда, овци или кози

–        Да продале млеко на регистрирани откупувачи во 2026 година

–        Минимална прифатлива количина 300 литри месечно

Висина на поддршка:

–        6 ден/литар за кравјо и  7 ден/литар за овчо и козко млеко

3.6  Директни плаќања за одгледани и предадени или заклани грла говеда во регистриран кланичен капацитет

Услови:

–        Да имаат одгледано и предадено или заклано говеда во период од мај 2025 до април 2026 година

–        Да се чувани на сопствено одгледувалиште најмалку 3 месеци пред колење

–        Закланите говеда да се навозраст од 8 до 24 месеци на денот на предавање во кланица, да имаат минимална тежина од 250 или 450 килограми во зависност од расата

Висина на поддршка:

–        4.500 до 6.000 ден/грло  во зависност од расата

3.7  Директни плаќања за предадени или заклани гоеници во регистриран кланичен капацитет

Услови:

–        Да имаат одгледано и предадено или заклано најмалку 20 гоеници во период од мај 2025 до април 2026 година

–        Закланите гоеници да се со тежина над 90 килограми

Висина на поддршка:

–        1.000 ден/грло  со скалесто намалување

3.8  Директни плаќања за одгледани и предадени или заклани бројлери во регистриран кланичен капацитет

Услови:

–        Да имаат одгледано и предадено или заклано бројлери во период од октомври 2025 до септември 2026 година

Висина на поддршка:

–        80 ден/бројлер  со скалесто намалување

3.9  Директни плаќања за амортизирани несилки предадени или заклани во регистриран кланичен капацитет

Услови:

–        Да имаат одгледано и предадено или заклано амортизирани несилки во период од октомври 2025 до септември 2026 година

Висина на поддршка:

–        120 ден/несилка 

3.10                   Директни плаќања за произведени и продадени еднодневни бројлерски пилиња и еднодневни женски пилиња од јајценосни хибриди

Услови:

–        Да имаат одгледано и продадено еднодневни бројлерски пилиња и еднодневни женски пилиња од јајценосни хибриди во период од октомври 2025 до септември 2026 година

Висина на поддршка:

–        10 ден/пиле 

4.     Мерки за поддршка на влезни елементи во производството, како и нивните производи

4.1  Директни плаќања за набавка на лозов и овошен

Услови:

–        Да имаат посадено сертифицирани лозови или овошни садници од домашно производство

–        Прифатлива посадена површина од 0,5 до 2 хектари

–        Прифатлив период на купување и садење од 1 ноември 2025 до 31 март 2026

–        Прифатлив број на садници најмалку 300 до 1.500 овошни садници/ха и најмалку 1.389 до 4.000 лозови садници/ха

Висина на поддршка:

–        35 ден/лозов калем и 40 ден/овошен садник

–        Максимален износ по корисник 240.000 денари

4.2  Директни плаќања за набавка на посадочен материјал за пипер, домат и краставица

Услови:

–        Да се корисници за мерката по површина за градинарски култури

–        Да имаат купено од домашен пазар и посадено сертифициран хибриден посадочен материјалод пипер, домат и краставица

–        Прифатлив период на купување од 1 март до 30 август 2026 година сертифициран посадочен материјал кој е произведен во посебно утврдени услови

Може да ви се допадне

АДПФ: Средствата од вториот пензиски столб се личен имот на осигурениците, национализацијата не е решение на долг рок
ЦУК: Активни пожари во Долнени и Кичево, под контрола пожарот кај Кавадарци
Вториот пензиски столб исплаќа пензија за 147 лица, најголем дел со минимален пензиски износ
ДИЗ за шест месеци изврши 22.000 надзори, во делот на откупот издадени 409 решенија
Компаниите ќе имаат можност по електронски пат да добијат „Уверение за квалитет – сертификат за земјоделски производи, преработки и стоки“ и „Уверение за квалитет V1 – сертификат за извоз на вино“
Таг:директни плаќањапостапкасубвенции
Претходен напис АДПФ: Средствата од вториот пензиски столб се личен имот на осигурениците, национализацијата не е решение на долг рок
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?