Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: После празниците време е за детоксизација, која храна може да ни помогне?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > После празниците време е за детоксизација, која храна може да ни помогне?
Магазин

После празниците време е за детоксизација, која храна може да ни помогне?

Објавено 05/01/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 После  низата од  прасечко, сарма, колачи, време е да го исчистиме телото. Време е за детоксизација. Постојат голем број на хранливи производи кои можат да ни помогнат да го исчистиме организмот.

 Авокадо, домат и спанаќ

 Авокадото  е богато со глутатион. Овој антиоксиданс е присутен во организмот, а неговата функција е да ги заштити клетките од оксидација и да ги исчисти нашите тела од тешки метали. Исто така и  доматите и спанаќот го стимулираат производството на ензими на црниот дроб и дигестивниот систем.

Цвекло и моркови

Цвеклото и морковите се исто така богати со глутатион. Овие намирници се богати со флавоноиди и бета-каротен и му помагаат на црниот дроб да се регенерира и да ја извршува својата прочистувачка улога.

Коријандер – зачин и чистач на отрови од телото

 Аспарагус -Поради својата  диуретична функција, го помага  процесот на чистење со активирање на функциите на црниот дроб и бубрезите кои ги елиминира токсините.

 Зелен лиснат зеленчук

Зелениот зеленчук е исклучително богат со хлорофил. Овој асимилативен пигмент може да ги апсорбира токсините и да ја прочисти крвта од тешки метали.

Брокула, зелка, карфиол, ротквици

 Конзумирањето на  брокулата и карфиолот го зголемува производството на глукозинолат  во организмот, помагајќи да се елиминираат канцерогените материи  и другите токсини.

Јаболка

Јаболката се богати со пектин, го олеснуваат процесот на чистење на црниот дроб. Сокот од јаболко се препорачува и за детоксикација на црниот дроб.

Разни билни чаеви

Коренот од глуварче му помага на црниот дроб да ги разградува мастите. Зелениот чај го снабдува организмот  со антиоксиданти, како што се катехини, важно соединение за работата на црниот дроб. Чајот од рузмарин го стимулира производството на жолчката течност што помага при варењето и ги намалува проблемите со црниот дроб.

Портокал, грејпфрут и лимон се уште еден извор на глутатион богат со витамин Ц и антиоксиданти. Тие го стимулираат производството на ензими за детоксикација на црниот дроб и жолчката и го подобруваат процесот на чистење на црниот дроб.

 Куркума и лук

 Куркума е корен од Индија кој има многу лековити својства. Учествува во детоксикација на црниот дроб со стимулирање на производството на жолчката и ослободување на каналите на црниот дроб. Исто така, делува и  на алергии на одредена храна. Лукот има заштитна улога во детоксикацијата на црниот дроб и содржи големи количини на природни состојки како алицин и селен кои помагаат во чистење на црниот дроб.

Ореви

Оревите се добар извор на глутатион, масна киселина омега-3 која му помага на црниот дроб да се ослободи од амонијакот, супстанција одговорна за одредени болести. Тие исто така стиулираат и оксигенација на крвта и претставуваат идеална намирница за божиќниот пост.

Извор : https://www.agroklub.com/

Може да ви се допадне

Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Пиперки полнети со урда
Кох од гриз
Таг:детоксикација на организмотзелена салатајаболкасокхрана за после празниците
Претходен напис Одгледување на рузмарин
Следен напис Климент Алексов од Трсино: Младите наместо да работат во странство за други, дома можат да бидат свои газди
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?