Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Климент Алексов од Трсино: Младите наместо да работат во странство за други, дома можат да бидат свои газди
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Предлог бизнис > Климент Алексов од Трсино: Младите наместо да работат во странство за други, дома можат да бидат свои газди
Предлог бизнис

Климент Алексов од Трсино: Младите наместо да работат во странство за други, дома можат да бидат свои газди

Последна измена: 14/01/2020 01:49
Сподели
4 мин. за читање
Сподели

Младиот Климент Алексов од виничкото село Трсино неодамна се поднови со нов трактор и за тоа се пофали на социјалните мрежи. Тоа беше поводот да го прашаме, како е да имаш 24 години и да си среќен што купуваш нов трактор, наместо некој добар автомобил?

– Па мислам дека тракторот побрзо ќе ги врне парите и побрзо ке купам автомобил- ни одговори Климент.

Подоцна низ разговор дознавме дека тракторот е набавен преку ИПАРД 2 што значително ја олеснува инвестицијата, но сепак желбата да се занимава со земјоделско производство и инвестициите во неговата фарма „КЛИМЧЕ“, зборува за одлучност на млад човек да успее со својот бизнис.

-Работам земјоделие откако знам за себе. Од мал возев комбајн кај еден газда во друго село кој ми ја пренесе љубовта кон земјоделството. Неговите зборови беа пресудни да се занимавам со земјоделско произодство. Секогаш ми велеше, полека, мора да имаш трпение и ќе успееш. Така и се случи. Почнав буквално со една крава и 1 хектар наша земја, потоа добивме под концесија и сега обработувам 15 хектари, дел јачмен, еден дел пченица, пченка и луцерка. Целата храна што ја произведуваме ја користиме за нашата фарма со 15 крави. Но земјата ни е малку, бидејќи планираме да ја зголемиме фармата со високомлечни крави и затоа сега подготвуваме документи за јавниот повик кој е во тек за површини до 3 хектари. Исто така започнуваме и со фарма за свињи, од 5 мајки планираме да стигнеме до 50 мајки – раскажува Климент.

Неговите родители работат во конфекции во Виница, но сепак вели, има помош од татко му и еден работник осигуран цела година, а во сезона ангажираат дополнително уште двајца работници.

-Сега не е тешко да се работи земјоделие, се е механизирано, не ринеш рачно, не молзеш рачно, не ги хранеш рачно, ранеш ги со микс приколица… после си слободен и имаш време за се’ и за кафе со другарите. Млекото го даваме на млекара „Малеш“ од село Смојмирово – Берово со кои имаме склучено договор – вели Климент и продолжува со плановите за иднина на неговата Фарма „КЛИМЧЕ“.

-Јас мислам дека има услови за развој на агробизнис кај нас и затоа се чудам на моите врсници што одат во странство да работат кај други газди кога можат да почнат тука. Користиме субвенции за целата обработлива површина, а лани аплициравме за ИПАРД 2 за земјоделска приклучна механизација во вредност од 6000 евра. На сето тоа имаме 75 % повраток на парите. Исто и за тракторот. Тоа е поволноста што има вакви мерки да се дојде до нови трактори или нова механизација. Инаку и јас бев едно лето во Италија да видам како се работи таму и навистина има што да се научи. Нови технологии, сорти и начини на производство. Кога се вратив дома и наредната година стариот овоштарник го променив со нови насади – вели Климент.

Приказната ја завршува низ шега дека е подобро сам свој работник и газда, отколку било што друго да се работи.

Се надеваме дека неговите амбиции ќе се исполнат, дека набргу ќе ги смести кравите во новата фарма која ја гради и ќе продолжи да биде мотив за други млади да започнат свој агробизнис.

‘

Може да ви се допадне

Пожар во живинарска фарма во Турција, настрадаа 140.000 пилиња
72-годишен човек ги бодел со нож кравите на брат му, една им подлегнала на повредите
Директорот на Платежна агенција Илија Стоилев : Почнавме со 5 пчелни сандаци, сега имаме 65 и голема љубов кон пчеларството
Дејан ги наплаќа садниците 10 евра: Без неговиот производ нема ни Дубаи чоколадо
Млад брачен пар започнал бизнис: Прават домашен оцет од диви јаболка, сремуш и глуварче без никакви додатоци
Таг:виницагаздаКлименткравифарма
Претходен напис После празниците време е за детоксизација, која храна може да ни помогне?
Следен напис Бабовски: Направивме успешна ИПАРД-приказна
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?