Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: После 27 години реновирана метеоролошката станица во Лазарополе
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > После 27 години реновирана метеоролошката станица во Лазарополе
Агровести

После 27 години реновирана метеоролошката станица во Лазарополе

Последна измена: 27/02/2020 14:53
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски заедно со директорот на Управата за хидрометеоролошки работи Ивица Тодоровски, беа во посета на метеоролошката станица во Лазарополе, која што УХМР минатата година ја реновираше.

Оваа метеоролошка станица е изградена во 1993 година и после 27 години е реновирана. Со реновирањето е направена енергетски ефикасна фасада, замена на дотраените прозорци со нови, обновена е електричната инсталација и внатрешниот енетериер на станицата, со што се обезбедени пристојни услови за работа. Станицата е опремена со современи инструменти за мерење на метеоролошките параметри и во дворот на станицата е поставена и автоматска метеоролошка станица.  Средствата за реновирање на објектот се обезбедени преку Програмата за рурален развој.

Управата за хидрометеоролошки работи во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, преку Програмата за рурален развој во изминатите две и пол години реализираше повеќе активности за кои беа одвоени 11 милиони денари. Од вкупно 18 метеоролошки станици, во овие две и пол години се реновирани 9 станици. Освен станицата во Лазарополе реновирани се, метеоролошките станици во Крива Паланка, Штип, Демир Капија, Берово, Виница, Претор, Охрид и Пожаране.

Воедно се поправи и се надгради радарскиот систем Ѓуриште, кој е наменет за создавање на радарски систем за рана прогноза и предупредување од опасни временски појави, и е од исклучително значење за детектирање и следење на облачните маси кои предизвикуваат големи временски непогоди и рано откривање на конвективна облачност.

За оваа година се обезбедени 60 милиони денари за дејствување на градоносни облаци со авионско засејување. Тендерот  е завршен, се избра најповолен економски понудувач и од 15-ти април се очекува започнување на активностите.

Може да ви се допадне

Српските млекари и сточари бараат итна средба со министерот за земјоделство
Акциска контрола на Регионалниот центар за гранични работи Запад, пронајдени над 200 метри кубни бесправно исечено огревно дрво
Покачено е нивото на водата во хидроакумулациите во струмичко
Повремените врнежи поволни за земјоделството, производителите да преземаат мерки против појава на плевели, болести и штетници
Сообраќајка на патот Берово – Виница, сообраќајот во прекин
Таг:ЛазарополеМетреолошка станицамзшвТрајан Димковски
Претходен напис Засилен ветер и врнежи од снег – пола Македонија во жолта алертна фаза
Следен напис Зад сцената се прави туширање, стрижење и фенирање на кравите и биковите кои се подготвуваат за натпревар
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?