Соработката на ЈП „Национални шуми“ со Македонско еколошко друштво, паркот на природа Езерани во рамките на проектот Преспа – Зачувување на биолошката разновидност во прекугранична соработка, финансиран од ПОНТ- Prespa Ohrid Nature Trust продолжи и оваа година. За таа цел беа засадени околу 1300 садници од евла кои се произведени во расадникот на ЈП Национални шуми Асамати во Ресен.

Целта на ова пошумување е обновување на нарушени делови од евлови шуми во крајбрежниот појас на Преспанското Езеро и ова е втора акција која се спроведува на овие делови.
На пошумувањето учествуваа вработените од Подружницата Преспа дрво од Ресен, вработени од дирекцијата на Национални шуми, преставници од МЕД, ренџерската служба од ЗП Езерани и преставници од Општина Ресен.
