Подмладувањето на овошките е помотехничка мерка која се применува во екстензивното производство на кајсија кај стеблата кои не се режат редовно. Кај ваквите стебла доаѓа до оголување на внатрешноста на круната, а родноста се преместува на периферијата на круната. Изразено е значително намалување на приносите и влошување на квалитетот на плодовите.
Целта на подмладувањето е со остра резидба да се обнови родната површина на круната, да се продолжи родноста и да се подобри квалитетот на плодовите.
Кајсијата добро го поднесува подмладувањето, бидејќи има голем потенцијал за формирање изданоци од латентните (заспаните) и адвентивните пупки.
Нова кајсија од старата
Подмладувањето е економски оправдано во случај кога насадот не е премногу проретчен поради предвременото сушење на стеблото (апоплексија).
Покрај тоа, потребно е стеблата да бидат сè уште здрави и витални. Степенот на резидба е поостар колку што стеблата се постари и позапуштени. Кај помладите стебла се применува поблага резидба. Скелетните гранки обилно се скратуваат до 1/3 од нивната должина. Се отстранува стебло со старост од две до пет години, а прекратувањето се изведува над еден добар добро развиен страничен и витален израсток.
Кај старите и веќе запуштени овошки се применува остра резидба. Скелетните гранки се скратуваат за ½ од нивната должина, а во некои случаи и повеќе. Се препорачува ваквото подмладување да се врши постепено во текот на 2-3 години.
Подмладувањето на кајсијата може да се изврши во два термина и тоа:
-Рано напролет, после почеток на вегетација
-Во текот на летото, по завршување на бербата
Скратувањето на гранките се изведува со моторна или рачна пила или со големи овоштарски ножици. Пресеците треба да се измазнат со нож и да се премачкаат со калемен восок.
Извор: agroinfonet.com/
