Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, изјави дека хидросистемот Ѓавато е во процес на санација и дека во најскоро време ќе биде целосно функционален и оперативен. Тој нагласи дека заедно со заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска, на лице место ги утврдиле проблемите што со години наназад го попречувале системот да работи со полн капацитет. Мицкоски посочи дека голем дел од цевководите биле оштетени и нефункционални, што предизвикувало значителни загуби на вода.
Премиерот истакна дека благодарение на општествено одговорна компанија веќе се пристапило кон санација на цевките и дека се очекува во наредните денови тие да бидат целосно санирани, што ќе овозможи зголемување на количината вода која се носи до резервоарот и понатаму во Дојранското Езеро. Дополнително, тој нагласи дека од предвидениот капацитет на хидросистемот од 1.000 литри во секунда, моментално функционираат само две бунарски пумпи со капацитет од по 100 литри во секунда, додека останатите не се во функција. Планот на Владата е најскоро време да се оспособат уште четири пумпи, а потоа и дополнителни две, со што ќе се достигне целосниот капацитет на системот.