Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Промоција на досегашните резултати од проектот „Развој на систем за управување со органски отпад во производство на грозје и вино во Тиквешкиот регион“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Промоција на досегашните резултати од проектот „Развој на систем за управување со органски отпад во производство на грозје и вино во Тиквешкиот регион“
Агровести

Промоција на досегашните резултати од проектот „Развој на систем за управување со органски отпад во производство на грозје и вино во Тиквешкиот регион“

Објавено 24/03/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Под мотото „Отпадот е само отпад доколку не е обработен” – со циркуларна економиіа до храна, енергија и други производи, денеска ќе бидат промовирани досегашните резултати од проектот „Развој на систем за управување со органски отпад во производство на грозје и вино во Тиквешкиот регион“.

На настанот по овој повод ќе присуствува министерот за локална самоуправа Ристо Пенов.

Проектот „Развој на систем за управување со органски отпад во производство на грозје и вино во Тиквешкиот регион“ се спроведува од март 2022 до декември 2024 година како дел од Програмата за соработка со бизнис секторот develoPPP.de, а се реализира со финансиска поддршка на германското Сојузно министерство за економска соработка и развој (BMZ) во партнерство со винаријата „Бовин“ и Центарот за истражување и креирање политики. Главната цел е идентификација на предусловите (институционални, правни и рамковни) за исплатлив третман и повторно искористување на органскиот отпад создаден на лозјата во Тиквешкиот регион, како и значително зголемување на количината на собраниот органски отпад како ресурс, со чија обработка ќе се овозможат економични ефекти. Но, цел на проектот е и да се предложат соодветни технологии за третман на отпадот, кои ќе бидат пилотирани во рамки на проектните активности, како и изработка на бизнис модел кој ќе се сподели со сите заинтересирани јавни и приватни страни.

-Циркуларната економија, како дел од „зелената агенда“ за Западен Балкан е централен столб на проектот и се очекува дека со имплементацијата на проектните активности ќе се воспостават темели за воведување на овој концепт во Северна Македонија, велат од Центарот за истражување и креирање политики.

Промотивниот настан што ќе се одржи во винаријата „Бовин“ е наменет за формално претставување на процесот на собирање отпад од виновите лози, со користење роло машина, со која се оптимизира процесот на собирање и балирање на искастрените гранки кои понатаму ќе се користат како ресурс за добивање нови производи. Според Центар за истражување и креирање политики, претставениот модел е атрактивен и може да биде основа за воспоставување соработка меѓу приватните компании и општините со општинските Јавни комунални претпријатија.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:грозје
Претходен напис Времето денеска сончево со мала локална облачност и со слаб јужен ветер
Следен напис Пошумување во крајбрежниот појас на Преспанското Езеро
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?