Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Подигнување на нов лозов насад
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Подигнување на нов лозов насад
Растително производство

Подигнување на нов лозов насад

Објавено 18/01/2023
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Подигнувањето на нов лозов насад започнува со избор на површина сo пoвoлна местoпoлoжба. Пoтoа се пристапува кoн подготовка на површината која опфаќа чистење од камења, корнење на стари лозја, овоштарници, грмушки, шуми и др.
Ѓубрењето се извршува по претходно извршена анализа на почвата, а со цел, збогатување со потребните елементи во главната зона на кореновиот систем. Со анализата се утврдуваат залихите на фосфор, калиум и вар како и содржината на хумус. Утврдено е дека на површината каде што ќе се врши садење на ново лозје, почвата треба да содржи 10 – 15 мг. Фосфор P2O5 и 20 – 40 мг. Калиум K2O на 100 грама. Од минерални ѓубрива пред садењето, можат да се употребат
комплексните кои содржат мала количина азот, како што се NPK 7-20-30, 5-26-26, 6 -18-36, 10- 30 20 и др. кои целосно се расфрлаат по површината, а потоа со риголовањето се заоруваат на полна длабочина. За подобрување на почвата со хумус, пред садењето, површински се расфрла 30 – 40 тони прегорено арско ѓубре и истото се заорува на длабочина од 30 см.

Риголовање – длабоко орање на длабочина од (60 – 80 см.), како следна мерка се извршува во јули – август и тоа за лозјата кои ќе се садат од есен, а за пролетното садење, риголовањето може да се изврши во текот на есента.

По извршеното риголовање се пристапува кон одредување правец на редовите и обележување на садните места. Растојанието за шпалир за вински сорти изнесува – 2,3 м. x 1 м. (4350 лозни калеми /ха.), за трпезни сорти – 2,3 м. x 1,2 м. ( 3650 лозни калеми /ха.), а за одрина 3,0 м. x 1,5 м. (2250 лозни калеми /ха.).

Садењето на лозните калеми се извршува во период (ноември- декември), или рано напролет, при позитивна температура и тоа во дупки со димензии 40 x 40 см. и длабочина во должина на калемот, плус 10 – 15 см., во бразди на иста длабочина и садење со садило и сврдел. Потоа се пристапува кон припрема на лозните калеми што опфаќа: скратување на коренот на 10-12 см. (доколку калемите се
садат во дупки или бразди), скратување на коренот на 2-3 см. (доколку садењето е со садило или сврдел), отстранување до основа на другите корења, кои се наоѓаат по должина на подлогата до спојното место, скратување на питомката на 1-2 прави окца и пред самиот почеток на садењето, потопување на калемите 1 – 2 часа, во смеса од свежа говедска балега, земја и вода во сооднос (1:1:1).

Садењето на калемите започнува со внесување на влажна ровкава плодна земја во дупката и тоа од обработливиот почвен слој. Над овој слој во дупката се поставува лозниот калем, малку закосен и истиот со спојното место да допира до колчето (маркирот). Потоа коренот се покрива со слој влажна обработлива почва, со истовремено затресување на калемот. Над овој слој се додава 5 -7 кг прегорено арско ѓубре кое не смее директно да допира на корењата, а потоа се додава почва од ораничниот слој и добро се нагазува. Доколку садењето се извршува напролет, над овој слој се додава 3 – 5 литри вода. По впивање на водата, дупките се дополнуваат со земја до висина на спојното место и почвата добро се нагазува.
На крајот лозниот калем се покрива со ровка земја или песок со правење хумка.
Ако садењето се извршува со парафинирани калеми, истите не се покриваат со земја, т.е. не се прави хумка и питомиот дел се остава 2 -5 см. над површината на земјата.

Од работи кои се извршуваат во текот на првата година во вегетацијата се:

пролетно меѓуредово орање и разбивање на почвената покорица на хумките,

летни обработки – минимум две, а во услови на заплевеност три,

окопување и отстранување на брандуси со повторно правење хумка (јуни-јули),

второ окопување и отстранување на брандуси и

трајно откривање на хумките – ( август ).

Исто така, во текот на вегетацијата во првата година (јуни – август) се врши заштита на калемите од пламеница, пепелница, ескориоза и разни штетници.

Советник Стеван Стојковски, АПРЗ

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Закрепнување на ВИНОВАТА ЛОЗА по период на доцни пролетни мразеви
Култивирано одгледување на ароматични, зачински и лековити растенија: Одржлива и доходовна можност за современо земјоделство
Таг:лозјелозови насадириголовање
Претходен напис Министерот Николовски во Берлин ќе учествува на 15-тата Берлинска конференција на министрите за земјоделство 2023, во рамки на меѓународниот саем Зелена недела
Следен напис Да не се палат стрништата во оризовите полиња, апелира градоначалникот на Кочани
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?