Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Да не се палат стрништата во оризовите полиња, апелира градоначалникот на Кочани
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Да не се палат стрништата во оризовите полиња, апелира градоначалникот на Кочани
Агровести

Да не се палат стрништата во оризовите полиња, апелира градоначалникот на Кочани

Објавено 18/01/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

По вчерашната огнена стихија во Кочанскиот регион, предизвикана од палењето на жетвените остатоци во оризовите полиња, градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов денеска упати апел до земјоделците да ја прекинат таквата, како што вели, штетна практика.

Во апелот Папазов ја нагласува загрозената безбедност на жителите и на материјалните добра, посебно во населените места Горни и Долни Подлог, Грдовци и Мојанци, што беше доведена во ризик. Исто така, во опасност беа и екипите на Територијалната противпожарна единица и Доброволното противпожарно друштво од Кочани, кои вложија натчовечки напори во гансење на пожарите.

– Апелирам да престане палењето на жетвените остатоци затоа што носи долгорочни последици. Се уништува целиот жив свет на земјоделските површини, како и корисната материја којашто претставува органско ѓубриво, се разнишува биолошката рамнотежа, се загадуваат површинските и подземните води. Со согорувањето на органската материја се загадува воздухот и се емитуваат стакленички гасови кои се главни причинители за климатските промени. Триесетина пожарникари и доброволци, со седум возила, повеќе од 12 часа беа на терен и успеаја да спасат неколку стопански објекти во месноста Ќерамидница, како и куќа на влезот во Горни Подлог, истакна во апелот градоначалникот Папазов.

Според последните информации, од утрово пожарите се под контрола, а противпожарни екипи дежураат на критични места.

Во повикот до земјоделците, градоначалникот на Кочани потсетува дека согласно законската регулатива, за палењето оган во посевите, во стрништата и во нивната близина, како и за оставање, фрлање, спалување или неконтролирано отстранување на жетвените остатоци следуваат казни. Овластените инспектори за земјоделство и за животна средина, како и полициски службеници во наредниот период ќе изрекуваат мандатни казни со парична глоба за сторен прекршок и ќе поведуваат кривични постапки.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:кочанипапазовстрништа
Претходен напис Подигнување на нов лозов насад
Следен напис Времето денеска облачно, релативно топло со повремени врнежи од дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?